• понеделник, 23 декември 2024

Министерката за финансии на средба со директорите на УЈП и Царина

Министерката за финансии на средба со директорите на УЈП и Царина

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со новоназначените директори на Управата за јавни приходи Елена Петрова и на Царинската управа Бобан Николовски.

На средбата, како што информира Министерството за финансии, било констатирано дека најзначaјно е подигнување на институционалните капацитети, вложување во човечкиот капитал и дигитализација на процесите.

- Ова е прва средба што ја одржуваме со првите луѓе на УЈП и Царината како клучни институции во прибирање на приходите во Буџетот. Ги поставуваме основите на работа и начинот на меѓусебна соработка со цел ефикасно прибирање на приходите и ефикасно управување со парите на граѓаните, посочила Димитриевска-Кочоска. бак/аа/

Фото: Министерство за финансии

Остани поврзан