• сабота, 16 ноември 2024

Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Унгарија, ќе го потпише договорот за унгарскиот заем

Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Унгарија,  ќе го потпише договорот за унгарскиот заем

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише Договорот за заем од Унгарската Експорт-импорт банка.

-Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите, соопштија од Минитертвото за финании.

Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за  задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како  дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата. дма/са/

Фото:МФ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан