• среда, 15 мај 2024

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Денвер, 7 мај 2024 (МИА) - Минесота го победи Денвер рано утрово на гостински терен со 106:80 во вториот натпревар од второто коло на НБА плејофот.

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на гостите Карл-Ентони Таунс, кој постигна 27 поени и забележа 12 скока. 

Во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 20 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-0 во корист на Минесота. 

Следниот натпревар ќе се одигра на 11 мај. 

Во првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, Њујорк ноќеска ја победи Индијана со 121:117 и поведе со 1:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан