• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Габриел поради повреда предвреме го заврши натпреварот со Фулам

Габриел поради повреда предвреме го заврши натпреварот со Фулам

Лондон, 2 април 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета проговори за повредата на бразилскиот интернационалец Габриел.

Фудбалерот синоќа во победата над Фулам (2:1) во 30. коло од Премиер лигата одигра само 16 минути и беше заменет поради повреда.

-Габриел почувствува непријатност во тетивата. Не знаеме колку е сериозно ова. Тој веќе имаше проблеми од самиот почеток на натпреварот. Не можеше да продолжи. Истото така се повреди и Тимбер. Ќе ја процениме состојбата на двајцата играчи, изјави Артета за „Би-би-си“.

Жесус беше заменет поради повреда во 16. минута, а Тимбер го напушти теренот во 77. минута. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан