Милошоски ќе учествува на 6. Светска конференција на претседатели на парламенти во Женева
- Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски ќе учествува на Шестата светска конференција на претседатели на парламенти, што ќе се одржи од 29 до 31 јули 2025 година во Женева, во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Обединетите нации.
Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски ќе учествува на Шестата светска конференција на претседатели на парламенти, што ќе се одржи од 29 до 31 јули 2025 година во Женева, во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Обединетите нации.
Конференцијата, како што информираат од собраниската прес-служба, која се одржува на секои пет години, претставува највисока платформа за парламентарна размена и дијалог на глобално ниво, на која ќе се соберат претседатели и високи претставници на националните парламенти од целиот свет. Главна цел на овој значаен собир, како што наведуваат, е зајакнување на парламентарната димензија во меѓународната соработка, промовирање на демократијата, владеењето на правото, мирот и одржливиот развој.
Во рамки на конференцијата предвидени се пленарни дебати, тематски панели, билатерални средби, како и усвојување на заедничка декларација, со која парламентите ќе ги реафирмираат своите заложби за конструктивен придонес во справување со глобалните предизвици.фф/са/
Фото: МИА Архива