• понеделник, 23 декември 2024

Милошоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка и од другите опозициски партии

Милошоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка и од другите опозициски партии
Скопје, 17 март 2021 Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира скандалот кој ја тресе владата за набавка на кинеските вакцини за што и ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче, рече за интерпелацијата даваат поддршка и другите опозициони партии како и дека се надева дека истата многу брзо ќе се најде на дневен ред на собраниска седница. - Интерпелацијата од министерот за здравство ја побаравме во Собранието, поддршка за интерпелацијата даваат и другите опозициони партии и се надевам дека г-динот Џафери ќе ја стави интерпелацијата што поскоро на дневен ред, затоа што цениме дека бројот на заразени, бројот на за жал починати граѓани, бројот на невработени кои што се создадоа во државата како резултат на лошото менаџирање со пандемијата и трчањето по провизии со фантом фирма од Хонг Конг наместо набавка на вакцини за имунизација на населението, се големи причини за еден министер сам да си поднесе оставка или ако не е доблесен да го направи тоа, тогаш пратениците и Собранието да му изгласаат недоверба. И ги повикувам сите пратеници од сите градови, особено оние каде што се премногу засегнати со голем број на жртви и новозаразени, и таму каде што стопанските субјекти се уште трпат сериозни последици од ова лошо менаџирање на власта, исто така да се придружат на ваквото барање да го разрешиме Филипче и да ставиме некој подобар менаџер, кој што ќе може здравството, луѓето и граѓаните да ги изведе на подобар пат и подобро да менаџира со оваа пандемија која досега нанесе многу големи штети на сите нас, нагласи Милошоски. Изјава на Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан