• понеделник, 23 декември 2024

Милијардер нападнат поради фалбаџиство во време на изолација

Милијардер нападнат поради фалбаџиство во време на изолација
Лос Анџелес, 31 март 2020 (МИА) - Милијардерот Дејвид Гефен го избриша својот Инстаграм профил, откако следачите виртуелно „го нападнаа“ поради објава за тоа како тој се самоизолирал на својата суперјахта од 590 милиони долари. „Зајдисонцето синоќа... Се надевам сите сте безбедни“, објави Гефен во саботата објавувајќи неколку фотографии од својата јахта што во овој миг се наоѓа кај карипските Гренадински Острови. Некои од следачите тоа го сфатија како фалбаџиство и како подбивање и потсмевање со „обичните смртници“. Профилот сега е недостапен за јавноста. Богатството на Гефен изнесува 7,7 милијарди долари.  си/сд/

Остани поврзан