• вторник, 05 ноември 2024

Милиони домаќинства и компании во САД немаат пристап до брз интернет

Милиони домаќинства и компании во САД немаат пристап до брз интернет

Вашингтон, 31 мај 2023 (МИА) – Повеќе од 8,3 милиони американски домаќинства и бизниси немаат широкопојасен интернет пристап, објави американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ).

Податоците на ФЦЦ се клучни за владините одлуки за финансирање. Во 2021 година, Конгресот одобри грантови од 42,45 милијарди американски долари за држави и територии за проширување на инфраструктурата за широкопојасна мрежа. Дирекцијата за телекомуникации и информации при Министерството за трговија соопшти дека до крајот на јуни ќе соопшти ќе ги распредели тие пари.

Тимот за мапирање на ФЦЦ ги анализираше проблемите со достапноста на податоците на повеќе од четири милиони локации, соопшти Комисијата, додавајќи дека анализата ќе ја објавува двапати годишно.

Конгресот, исто така, обезбеди 14,2 милијарди долари месечни ваучери од 30 долари за семејствата со ниски приходи кои ќе ги користат за интернет услуги по свој избор.

Ваучери побараа 18 милиони домаќинства, а претседателката на ФЦЦ, Џесика Розенворсел на почетокот на месецот предупреди дека нема да има доволно пари доколку Конгресот не преземе нешто. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан