• понеделник, 23 декември 2024

Милевски: И мотив, и притисок за победа во Португалија

Милевски: И мотив, и притисок за победа во Португалија
Скопје, 25 март 2022 (МИА) – Селекторот Благоја Милевски најави дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како вчеравечер во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар. Притисок секогаш ќе има, но и мотивот (за победа) секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме победиме, изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром. Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски рече дека триумфот е „мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат“. - Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат, изјави Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден. ег/лв/  

Остани поврзан