• понеделник, 23 декември 2024

Милан, Тотенхем и Вест Хем заинтересирани за Сари

Милан, Тотенхем и Вест Хем заинтересирани за Сари

Рим, 23 март 2023 (МИА) – Калчолигашот Милан и премиерлигашите Тотенхем и Вест Хем ја следат ситуацијата со тренерот на Лацио, Маурицио Сари.

 

Според „Il Messaggero“, 64-годишниот фудбалски стручњак сака да добие гаранции од римјаните за засилување следната сезона за да може тимот да конкурира за шампионската титула. Доколку Сари не ги добие гаранциите, тогаш е подготвен да го напушти клубот, бидејќи неговата врска со управата на Лацио се залади оваа сезона.

 

Интерес за неговата кандидатура покажуваат Тотенхем, Вест Хем, Милан и Фиорентина.

 

Сари е на чело на Лацио од летото 2021 година. Пред тоа, Италијанецот беше тренер на Јувентус, Челзи, Наполи и Емполи.

 

По 27 кола во Серија А, Лацио е втор на табелата со 52 бода, 19 помалку од лидерот Наполи. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан