• петок, 22 ноември 2024

Милан е подготвен да му даде на Дибала плата од 4,5 милиони евра

Милан е подготвен да му даде на Дибала плата од 4,5 милиони евра
Милано, 11 јули 2022 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала е во сферата на интерес на Милан, објави „Газета дело спорт“. Интер се уште не може да потпише со Аргентинецот, иако пред извесно време со него се договорија за четиригодишна соработка со плата од 5 милиони евра по сезона, без бонуси. Милан е подготвен да ја искористи оваа ситуација и сака да го „украде“ играчот од вечниот градски ривал. Но, максималната плата што може да ја понуди Милан е 4-4,5 милиони евра годишно. Интерес за 28-годишниот играч покажуваат и Рома, Наполи, Атлетико и Манчестер јунајтед. Дибала минатата сезона постигна 15 гола и шест асистенции на 39 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања. Тој го напушти клубот од Торино на 30 јуни 2022 година како слободен играч. зс/

Остани поврзан