• понеделник, 23 декември 2024

Микати: Нападот во Бејрут покажува дека Израел нема морални или хуманитарни размислувања

Микати: Нападот во Бејрут покажува дека Израел нема морални или хуманитарни размислувања

Бејрут, 20 септември 2024 (МИА) - Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска го обвини Израел дека „не дава важност на никакви хуманитарни, правни или морални размислувања“, откако беше објавено дека високиот оперативец на Хезболах Ибрахим Акил е убиен во израелскиот напад во Бејрут.

САД понудија награда од 7 милиони долари за информации за Акил поради неговата улога во бомбашкиот напад на касарната на американските маринци во 1983 година, во кој загинаа повеќе од 300 луѓе, и за преговорите за американските и германските заложници во Либан во 1980-тите, пренесуваат израелските медиуми.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, претходно денеска изјави дека САД не биле однапред информирани за планот на Израел да го изврши нападот во кој загина Акил.

Агенциите јавуваат дека попладнево осум лица загинале, а 59 се ранети во нападот на јужните предградија на Бејрут, каде е упориштето на Хезболах. паг/

Фото: МИА архива


 



Остани поврзан