• сабота, 23 ноември 2024
МИА Флеш

  6 ноември 2024

 

 

Скопје - Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија.

Филков истакна дека ефикасниот правосуден систем е клучен за владеењето на правото и за борба против криминалот и корупцијата, како и за гарантирање на основните човекови права и слободи. 

Скопје - Целосна имплементација на Платформата за интероперабилност меѓу судовите и релевантните институции за побрза размена на податоци, приоритетно финансирање на дигитализацијата, јавен надзор на судските постапки, како и обука на судската администрација и судиите за новите системи, се дел од препораките од 15. Сесија на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, Работната група 3, посветена на правосудството и темелните права.

На сесијата што се одржа денеска во Клуб на пратеници беше истакната потребата за унапредување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда. Во контекст на ова, беа предложени неколку клучни препораки.

Скопје - УСАИД денеска соопшти дека се одржа Информативна сесија за имплементација на системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација (MRVA) на емисии на стакленички гасови и механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) во Северна Македонија.

Оваа сесија е дел од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, организирана во соработка со Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо, која инвестира во зголемување на продуктивноста,  конкурентноста  и интеграција на приватниот сектoр на регионалните пазари.

Скопје - Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски се сретна со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На средбата, како што информира Општина Илинден, се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи на територија на Општина Илинден.

Скопје - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини утре почнува со доделување вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување инвертер клими. Како што соопшти, мерката е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23 000 денари или 25 000 денари се 4 591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30 000 денари се 1 591 домаќинство.

Скопје - Претставници на невладини организации денеска во Скопје изразија загриженост поради информации за намалени средства за програмата за ХИВ за 2025 година. Вознемиреност има и кај пациентите, поради постојаното стравување дали навреме ќе има терапија и можноста од прекин на терапијата. Според Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ предвидени се само 90 милиони денари, а тие бараат 131 милион денари.  

Скопје - На 05 ноември 2024 година, Јуроп Хаус Скопје одбележа 5 години од нејзиното отворање и воспоставувањето на мрежата на „места на новата генерација“ во Северна Македонија. Годишнината се совпадна со Меѓународниот драмски студентски фестивал „Скомрахи“ во 2024 година.

Јуроп Хаус во Северна Македонија беше отворена во ноември 2019 година, со отворање на Канцеларија во Скопје од страна на тогашниот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли (1956 – 2022). Во текот на петте години, мрежата прерасна од една на седум со отворање на канцелариии во Крива Паланка и Струмица (2020), Битола и Велес (2023) и Струга и Тетово (2024). И покрај тоа што обезбедува урамнотежена географска покриеност, мрежата на Јуроп Хаус вклучува претежно, но не исклучиво, млади луѓе од сите сфери на животот.

Скопје - Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, изјави директорот Никола Мемов на денешната средба со Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску.

Со досегашните активности на проектот и модернизацијата на Фондот, се очекува да се создадат услови за негово подобро функционирање и подобрување на состојбата со базите на податоци.

Скопје - Општина Гази Баба од денеска ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година што ќе се реализира во неколку фази.

Во првата фаза, како што соопштија од Општина гази Баба, ќе се организира сеопфатен граѓански дијалог во кој граѓаните ќе имаат можност да ги кажат своите идеи и проекти кои сметаат дека треба да го имаат своето место во буџетот на општината за следната година.

Скопје - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија (14 ноември) и против Фарски Острови (17 ноември) од Лига на Нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Скопје - Од 31 октомври до 3 ноември во Мадеира, Португалија, се одржа Светското првенство за бармени. Натпреварувањето е организирано од Интернационалната асоцијација на бармени каде што Здружението на бармени на Македонија е член 17 години.

Здружението на бармени на Македонија оваа година го претставуваше Теодора Николиќ, која победи и на Државното првенство. Во конкуренција од 70 бармени од целиот свет, Теодора успешно ги мина квалификациите и заедно со уште 14 други бармени продолжи во полуфинале, па во финале, со двајца други финалисти. 

Белград - Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, едно лице за кривично дело -Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривично дело -Напад врз службено лице при вршење на службена должност и едно лице за кривично дело -Предизвикување општа опасност.

Атина – Целиме да ги решиме постоечките проблеми со Грција по принципот на заемна корист и да го претвориме Егејското море во море на мирот, истакнал министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан во интервјуто за турскиот весник „Аксам“, пренесоа грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Ставот на Фидан е непосредно пред посетата на Атина и средбата со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис закажана за петок.

Вашингтон – По изборната победа во сојузната држава Висконсин републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и официјално победи во изборната трка со демократската кандидатка Камала Харис, јавија американските медиуми.

  Трамп доби 10 електорски гласови во Висконсин, што му дава вкупно 277 електорски гласови, пренесе Си-Ен-Ен.

За победа на претседателските избори му беа потребни најмалку 270 електорски гласови.

Брисел – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во објава на Икс информира дека „само  што му честитал“ на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.  

- Неговото лидерство одново ќе биде клучно за одржување на силата на нашата Алијанса. Со нетрпение очекувам повторно да работам со него на унапредување на мирот преку зајакнување, преку НАТО, наведе Руте во објавата.

- Москва, 6 ноември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин не планира да му ја честита победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не сум запознаен со какви било планови на претседателот да му честита на Трамп“, изјави Песков веднаш откако Трамп прогласи победа над неговиот демократски противник Камала Харис.

„Да не заборавиме дека зборуваме за непријателска земја која директно и индиректно е вклучена во војна против нашата држава“, истакна тој.

Техеран - Изборите во САД нема да влијаат на егзистенцијата на Иранците, изјави портпаролката на иранската влада Фатемех Мохаџерани откако Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори.

Западни и арапски претставници изјавија дека Трамп би можел повторно да ја спроведе својата „политика за максимален притисок“ со заострување на санкциите за иранската нафтена индустрија. Покрај тоа, како што пренесуваат странските агенции, „Трамп би можел да му даде зелено светло на Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки и да изврши целни убиства во Исламската Република“.

Ерусалим - Јоав Галант, кој беше разрешен од функцијата министер за одбрана од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ја повика владата да работи на враќање на затворениците од Појасот Газа „живи“ и ја нагласи потребата сите Израелци да служат во војска.

„Наша должност е да ги вратиме заложниците. Мораме да го направиме тоа брзо додека тие се уште се живи“, рече Галант откако беше сменет од функцијата.

Техеран - Заменик-командантот на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) Али Фадави денеска изјави дека Техеран е подготвен за конфронтација со Израел, не исклучувајќи ја можноста за превентивен напад на САД и Израел врз Иран.

Фадави рече дека е можен превентивен напад со цел да се одврати одговорот на Иран на неодамнешниот израелски напад на иранска територија, објавија денеска иранските медиуми. 

Берлин - Раководството на Алтернатива за Германија (АфД) - германската крајнодесничарска партија, која е втора според анкетите, ќе се состане денеска за да започне процедура за протерување на членовите поврзани со екстремистичка група, соопшти АфД.

Текстот се однесува на „членовите погодени од мерките на јавниот обвинител“, потврдувајќи ја врската меѓу партијата и осумтемина осомничени уапсени во голема полициска акција вчера.

Во соопштението не се наведува кои се членовите, ниту пак колкумина биле погодени од операцијата.

Тагови

Остани поврзан