• сабота, 23 ноември 2024
МИА Радио флеш

7 ноември 2024 

Скопје – Владата останува на ставот дека не треба да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври идната година, истакна портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. 

Притоа не ги коментираше ставовите на опозицијата дека Владата во изминативе пет месеци не направила ништо за граѓаните, ниту пак за заклучокот од средбата меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас дека за доброто на државата заедно со локалните треба да се случат и парламентарни избори.

Скопје - Нема договор или најава за средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и бугарскиот колега Румен Радев во рамки на Самитот на Европската политичка заедница што денеска се одржува во Будимпешта, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

- Остануваме на ставот како што кажа и претседателот Мицкоски дека е подготвен за разговор во секое време со секој, со цел да се стигне до крајот на целта, рече Митева на прес-конференција во Владата.

За случувањата на Самитот и за евентуални средби, како што рече, јавноста ќе биде информирана преку соопштенија од владината прес-служба.

Скопје  - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ја посети Националната установа Кинотека на Северна Македонија, при што потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, и затоа треба да се одржува. Тој посочи дека оваа институција има намален буџет за 50 до 60 проценти, и најави зголемување на средствата од следната година.

-Денеска сум во Кинотека, тоа е најстарата институција за заштита на аудиовизуелните добра и за целото филмско наследство. Она што можев да го видам се депоата кои што ги имаме, изградени во 2009 година. Можев да видам колку е значајно нашето филмско наследство, колку се важни овие депоа и условите во кои одлучуваме за нашето филмско наследство, но и колку е важно да имаме средства за да може понатаму да се одржува. Во изминатите седум години, буџетот на оваа институција или средствата кои што се одвојуваат се намалени за 50 до 60 проценти. Ќе преземеме мерки и активности каде што ќе можеме од 2025 година полека да го зголемуваме буџетот, рече Љутков.

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења во однос на пристапниот процес на земјава за членство во Европската Унија, при што претседателката порача дека македонските евроинтеграции е неопходно да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати.

Во таа насока, Сиљановска Давкова го реафирмираше ставот дека евроинтеграцискиот процес на земјава треба да се одвива согласно принципот на заслуги и со доследно спроведување на копенхагенските критериуми.

Скопје - Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем и воопшто не е вклучена во овој процес. Ќе може да излезе со став откако ќе има подетални сознанија, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. 

-Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став, рече Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања, откако ги презентираше есенските макроекономски проекции.

Во врска со најавите на Владата за дополнителни задолжувања, гувернерката напомена дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг. Во оваа насока ги повтори препораките на меѓународните финансиски институции: постепена фискална консолидација, постепена монетарна акомодација во линија со фискалната консолидација и интензивирање на структурните реформи.

Скопје  - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ја посети Националната установа Кинотека на Северна Македонија, при што потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, и затоа треба да се одржува. Тој посочи дека оваа институција има намален буџет за 50 до 60 проценти, и најави зголемување на средствата од следната година.

-Денеска сум во Кинотека, тоа е најстарата институција за заштита на аудиовизуелните добра и за целото филмско наследство. Она што можев да го видам се депоата кои што ги имаме, изградени во 2009 година. Можев да видам колку е значајно нашето филмско наследство, колку се важни овие депоа и условите во кои одлучуваме за нашето филмско наследство, но и колку е важно да имаме средства за да може понатаму да се одржува. Во изминатите седум години, буџетот на оваа институција или средствата кои што се одвојуваат се намалени за 50 до 60 проценти. Ќе преземеме мерки и активности каде што ќе можеме од 2025 година полека да го зголемуваме буџетот, рече Љутков.

Скопје - Над 6000 (6182) ваучери за набавка и вградување инвертер клима-уреди за домаќинства почнаа да им се доделуваат денеска на граѓани низ државава кои аплицирале и ги исполниле критериумите од јавниот повик објавен од Министерството за економија во февруари годинава.

На веб-страницата на  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk пред неколку дена беа објавени списоците на избрани корисници и на правни субјекти (продавници) со кои се склучени договори за реализација на ваучерите. Граѓаните нив може да ги искористат за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024, а по тој датум неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки.

Скопје - Членовите на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска се состанаа, но повторно не одржаа седница. Пратеничката од СДСМ Јованка Тренечвска инсистираше на дневен ред на оваа трета седница да биде ставен и Предог-законот за бранители, а претседателката на Комисијата Илире Даути од Европскиот фронт објаснуваше дека тоа сега веќе не е можно согласно ставовите 1 и 2 од членот 176 од Деловникот односно дека седницата на матичното работно тело за закон по скратена постапка се свикува и започнува веднаш, но не подоцна од 24 часа ниту порано од шест часа, а ќе заврши во рок од три дена од започнувањето. 

Според Даути, нема деловнички можности законот да биде ставен на дневен ред, како и дека не може да се гласа по предлогот. Во дискусијата таа се повика и на членот 9 од Уставот и на фактот дека сите граѓани во државата се рамноправни. Побара од Тренчевска веќе да не ја попречува работата на Комисијата, чија цел, како што посочи, е да им помогне на граѓаните. 

Скопје - Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.

Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија е спротивен на Уставот.  Овој член предвидува „патните исправи кои го содржат натписот Република Македонија издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година“ 

Согласно оваа одредба, како што соопштија од Уставниот суд, надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од  овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година.

Скопје -  Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствувал на работен појадок на кој разменил мислења за актуелни глобални и европски политички прашања со шефови на дипломатии на други земји. 

-Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евроатлантските интеграциски процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите. Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Будимпешта - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта дека ЕУ треба да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан, како и Србија, и да донесе стратешки одлуки за прашањата за проширувањето.
„Мислам дека треба да разговараме за стратешки прашања“, нагласи Вучиќ. Тој напомена дека влезот на Романија, Бугарија и некои други земји во ЕУ бил политичка одлука.

„Тоа беше политичка одлука донесена од ЕУ во време кога имаше стратешки одлуки и луѓе кои размислуваа стратешки. Така ние го гледаме. Кажете на некоја држава подобро и оди.  Да, но Србија не ни треба. Бидејќи не воведоа санкции кон Русија или поради која било друга причина, не решија дел од нивните проблеми“, рече Вучиќ.

Будимпешта -  Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на отворањето на самитот на европската политичка заедница во Будимпешта изјави дека мора да се најдат начини за враќање на мирот во Европа.

Тој истакна дека на самитот ќе се разговара за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и дека некои од прашањата ќе вклучуваат како Европа може да преземе поголема одговорност за својата безбедност и мир во иднина, како континентот да биде поуспешен во остварувањето на сопствените интереси и да стане одлучувачки играч во дискусиите и случувањата кои ќе одлучуваат за неговата иднина.

„Овие прашања станаа особено актуелни по претседателските избори во САД кои штотуку се одржаа. Иднината на нашите трансатлантски односи е незаменлива компонента на европската безбедносна архитектура. Одговорите дадени сега би можеле да ја одлучат иднината на Европа со децении. Ние Верувајте дека заедно можеме да бидеме посилни отколку сами“, рече Орбан.

Брисел - Европскиот фонд за одбрана денеска соопшти дека годинава добил 298 нови предлози за развој на фондови со воена апликација. Фондот напоменува дека тоа е најголемиот број проекти што се примени во изминатите три години.

Се предвидуваат 1,1 милијарди евра средства од ЕУ за поддршка на развојот на следната генерација оклопни борбени возила за пешадија, контра мерки против хиперсонични ракети и разни видови беспилотни воздушни и копнени системи.

Меѓу поддржаните проекти ќе бидат истражувањата за автономна технологија за расчистување мини, за безбедни вселенски комуникации и за нова генерација хеликоптери и товарни авиони со средна големина.

Цирих – Кога Трамп победи во 2016 година Европа беше целосно изненадена. Сега тврди дека е подобро подготвена и се претставува како оптимист. Но, има ли основа за тоа?, пишува швајцарскиот дневен весник „Ној Цирхер Цајтунг“ (Neue Zürcher Zeitung).

Весникот посочува дека претставниците на Европа веднаш испратиле честитки за изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, „но оти дипломатскиот протокол не може да скрие дека во Брисел има голем немир“.

НЗЗ наведува три точки каде Европска Унија и САД би можеле да имаат различни ставови.

Брисел  - Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент ја одобри кандидатурата на Марта Кос од Словенија за комесар за проширување, јави СТА повикувајќи се на неименувани извори од политичката група „Да ја обновиме Европа“.

„Словенечката кандидатка за еврокомесарка за проширување Марта Кос доби зелено светло од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент по денешното сослушување“, јави СТА.

Кос денеска изјави дека за време на пристапниот процес посебно значење на Западен Балкан треба да се насочи кон помирувањето и регионалната соработка, како и дека Црна Гора и Албанија би можеле да бидат првите нови членки на ЕУ.

Киев - Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, односот на Украинците кон Русија нагло се влоши и заклучно со октомври 93 отсто од нив имаат лош став кон Русија, додека само три отсто имаат позитивен став, се наведува во најновото истражување на киевскиот Меѓународен институт за социологија (КМИС), спроведено во септември и октомври.

„По инвазијата, апсолутното мнозинство Украинци имаат стабилен, лош однос кон Русија“, се наведува во извештајот и се оценува дека „негативниот однос кон Русија почнал да се засилува по нападот на Украина, а претходно не бил создаден“, се наведува во истражувањето.

Бејрут - Една жена загина денеска во израелски напад во кој е погоден автомобил на автопат недалеку од Бејрут, изјавија либански безбедносни извори.

Неименуван официјален извор изјави и дека еден маж е повреден.

Автомобилот бил погоден на автопатот меѓу Бејрут и рамнината Бека и Сирија.

Според официјална новинска агенција, „непријателски дрон гаѓала автомобил во Араја“, на периферијата на Бејрут.

Остани поврзан