
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство.
-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство, рече Муцунски, додавајќи дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства.
Скопје – Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Владата ќе ја прекине и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, односно истото нема да го прати до Собрание, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.
Прашана дали Владата ќе испрати допис до Совеотот на ЈО дека се прекинува постапката за разрешување или ќе почека да се произнесе, Митева, рече дека Советот на ЈО ќе постапува согласно роковите.
- Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекине постапката се однесува на делот што Владата потоа по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието. Да појаснам дека Владата и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собрание, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Владата.
Скопје - Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управување во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед, информираат од Министерството за финансии.
Агенцијата, како што велат, нотира дека во 2024 година реалниот раст на БДП достигна 2,8 проценти и покрај надворешните потешкотии и дека е над проекциите заради силната јавна потрошувачка и инвестициите. Фич очекува растот на економијата во 2026 година да достигне 4 проценти како резултат на реализација на инвестициите на коридорот 8 и 10д.
Скопје – Редовното годишно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почна со минута молк во слава на жртвите во трагедијата во Кочани, а претседателот на МАНУ Живко Попов изрази сочувство во свое и во име на членовите на Академијата до семејствата на починатите.
-Во овие моменти на длабока тага, сепак, има и нешто светло, а тоа е навремената и компетентна реакција на здравствениот систем и државните институции, пред се МВР и Јавното обвинителство, кои покажаа дека во тешки, кризни моменти сепак имаат капацитет да реагираат соодветно. Тоа дава надеж дека оваа држава доколку продолжи да се менува на ваков начин, нејзините граѓани ги очекува многу посветла иднина, рече Попов.
Скопје - Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово, вработен во УЈП, поради постоење основи на сомнение дека дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола, со што сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’, соопшти МВР.
На 21.01.2025, пријавениот - вработен во регионалната дирекција на УЈП - Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното, наведуваат од МВР.
Скопје - Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) денеска преку соопштеное упати апел до државните студентски домови „Томе Стефаноски - Сениќ“, „Пелагонија“, ДСД Скопје и до сите единици на УКИМ за преземање итни активности со цел унапредување на безбедноста во студентските домови и универзитетските објекти.
Во апелот се предлагаат неколку мерки, како вонредна проверка и одржување на противпожарните апарати и хидрантските системи – редовно проверување и одржување на овие системи за да се осигура безбедноста на студентите и вработените во случај на пожар или друга несреќа.
Се предлага организирање на симулации за евакуација на студентите – најмалку еднаш во текот на академската година, со цел студентите да бидат подготвени и да се зголеми нивната свест за евакуациските процедури и безбедноста.
Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) изминативе три месеци реализирала надзори врз сите телевизиски и радиопрограми на Јавниот радиодифузен сервис и нивното работењето како дел од спроведени активности согласно Годишната програма за работа.
Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски посочи дека во овој период изречени се осум јавни опомени за четири радиодифузери – МРТ 3, ТВ Дуе, ТВ Спектра и ТВ Њуз, донесени се три решенија за јавно опоменување на операторот Мултимедија Нетворк Л заради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата; реемитување на програмски сервис на домашен радиодифузер надвор од сервисната зона за која ја има добиено дозволата за телевизиско емитување и за недоставување до Агенцијата сигнал со иста содржина со онаа што им е достапна на неговите претплатници.
Дебар - Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагира на одлуката на македонските власти, со која на Македонците од Мала Преспа, со албански лични документи, не им се дозволува влез во Македонија, преку граничниот премин Стење – Горица, кај Ресен, информираа од партијата.
- Од вчера, граничната полиција не дозволува влез на Македонци од Мала Преспа, кои секојдневно патуваат во Македонија, за сезонска работа во Ресен и Преспа, а навечер се враќаат во своите домови во Мала Преспа. Овие лица, кои поседуваат албански лични карти, се соочуваат со забрана за влез поради податоци во системот дека престојувале повеќе од три месеци во Македонија, иако нивниот влез и излез се случува на дневно ниво, додаваат од МАЕИ.
Според партијата, дополнително, денеска „македонските власти ја известиле и албанската страна да не дозволува преминување на овие Македонци кон Македонија“.
Атина – Националната политика, која станува и европска политика, е едноставна: ако некој пристигне во нашата земја и има право на азил, го примаме и драго ни е ако одбере да остане и да живее во нашата земја. Но, доколку некој влезе нелегално, треба да знае дека ќе направиме сè што е во наши раце да го вратиме во земјата на потекло, посочи грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на состанокот во Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер денеска го посети Министерството, каде што по реконструкцијата на Владата пред две седмици имаше промени на министерската позиција и функцијата ја презеде Макис Воридис, а претпладнево се одржа состанок на кој стана збор за нелегалната и легалната миграција, за враќање на одбиените баратели на азил, како и за туристичките визи за турски државјани што во летниот период се издаваат на 12 грчки острови.
Истанбул - Турската полиција денеска уапси вкупно 106 лица во Истанбул во рамки на акција насочена кон учесници во протестите против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу и високи членови на опозициската Републиканска Народна партија (ЦХП), пренесе Анадолија.
Лицата биле приведени по претрес на 145 адреси на осомничени за учество во протестите од последните денови. Тие се обвинети за „непочитување на забраната за собири и демонстрации“ и „неизвршување на наредбите на безбедносните сили“.
Брисел - Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК.
- Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА, информира портпаролот.
Брисел - Повлекувањето на сите руски сили од Украина е еден од главните услови за укинување или измена на санкциите на ЕУ против Москва, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
„Крајот на неиспровоцираната и неоправдана руска агресија во Украина и безусловното повлекување на сите руски воени сили од територијата на цела Украина ќе биде еден од главните предуслови за измена или укинување на санкциите“, рече портпаролот.
Варшава – НАТО има витален ангажман за заштита на Полска во секој еден момент, изјави полскиот премиер Доналд Туск по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во Варшава.
- Потврдувањето на ангажманот дека НАТО е должен да ја брани Полска во секоја критична ситуација е многу важно за нас, наведе Туск.
Тој додаде дека претставниците на САД постојано нагласуваат дека во случај на опасност секогаш ќе бидат подготвени да ја бранат Полска и другите земји од сојузот.
Moсква - Кремљ денеска соопшти дека мора да се исполнат голем број услови пред да биде активиран договорот за безбедност на Црното Море договорен со САД, потсетувајќи дека не се исполнети руските барања според претходниот договор за извоз на жито преку Црното Море.
САД вчера постигнаа одвоени договори со Украина и Русија за ставање крај на непријателствата во Црното Море и запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, а Вашингтон се согласи да изврши притисок за укинување на некои санкции кон Москва. Кремљ денеска соопшти дека е задоволен од дијалогот со САД, уверувајќи дека „интензивните“ контакти продолжуваат еден ден по објавувањето на договорот, со помош на Вашингтон, за можен прекин на огнот во Црното Море.
Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп ја пофали Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата со амбасадорите во Белата куќа, јави турската телевизија ТРТ Хабер.
Трамп имаше средба со повеќе амбасадорите, меѓу кои и Том Барак, кој ќе биде амбасадор во Турција. Барак изрази задоволство од работата на Трамп и му се заблагодари, а за Турција истакна дека е „една од најдревните цивилизации“.
Тел Авив - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја повтори својата закана дека ќе ја окупира територијата на Појасот Газа, доколку милитантите на Хамас не ги ослободат преостанатите заложници кои се уште ги држат.
-Колку повеќе Хамас продолжува да одбива да ги ослободи нашите заложници, толку посилна ќе биде репресијата што ја спроведуваме, рече Нетанјаху во парламентот, пишува „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека тоа „вклучува окупација на територија и други работи“.