МИА Општински пул
- 25 декември 2024
25 декември 2024
Штип - Во рамките на циркуларен караван заменик министерот за економија, Марјан Ристевски, заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова и секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова беа во посета на ПЗУ "Др.Самарџиски". Здравствена устанува која е корисник на мерката „Креирање на слободни работни места преку зелени инвестиции“.
Пешова посочи дека мерката има за цел да ги опфати невработените лица и да се креираат повеќе слободни работни места и да се поттикне зелената трансформација на претпријатијата.
-Во тој контекст оваа мерка претставува финансиска поддршка на правните субјекти за секое отварање на ново работно место, преку финансиска поддршка во вид на набавка на опрема, којашто опрема значи подобрување на животната средина, намалување на потрошувачката на енергија, како и на материјали за енергетска ефикасност, вели Пешова.
Таа додаде со оваа мерка во 2022 година почнале со отварање на 100 работни места, а досега се отворени 370 нови работни места, а поддржани се 228 правни субјекти, а финасиксата поддршка за компаниите во моментов изнесува 250.000 денари за едно нововработено лице.
Цветанка Самарџиска сопственик на ПЗУ д-р Самарџиски истакна дека овие мерки значат за компаниите, а целта им била да ги задржат младите од здравствениот сектор.
Вишна Шорова-Ангелова секретар на Општина Штип изјави дека поддршка на УНДП е голема за Општина Штип, а една од целите на општината е и поддршка на компаниите во нивниот развој.
-Овој проект кој се реализира од страна на Агенцијата за вработување, министерството за економија, всушност покажува дека сите институции на локално и на национално ниво следиме една линија на движење, а тоа е зголемување на енергетската ефикасност. Општина Штип во сите Програми за 2025 година има предвидено проекти за енергетска ефикасност, којшто бенефит ќе имаат сите граѓани, рече Шорова-Ангелова.
Заменик министерот за економија, Марјан Ристески посочи дека оваа мерка ќе се продолжи и во 2025 година, а во оперативниот План за наредната година има подобрување на одредени мерки во однос на критериумите, а буџетот на Агенцијата за вработување е зголемен за шест милиони евра.
Штип - Општина Штип на 31 декември на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе организира забава, односно пречек на Нова година, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Тој посочи дека забавата почнува по 21 часот, со познати музички имиња и бендови од Штип.
-Ќе имаме богата музичка програма, со можност за служење на пијалаци, јадења, за оние коишто ќе бидат присутни на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Во име на Општината ги повикувам сите наши сограѓани да ни се приклучат на забавата којашто ја организира Општина Штип, по повод пречекот на Новата 2025 година, вели Јорданов.
Скопје - Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните.
Како што информира Општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен се додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.
-Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето, порача градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров нагласува дека остануваат посветени на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани.
Скопје, - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи, информираат од Град Скопје.
- За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија - Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за увид, за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, со што има значаен придонес во остварувањето на полициската работа, Кире Стојановски од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како пожарникар спасител кој се истакнал во акциите на неговата бригада во која е од 2015 година, и Миле Петковски крводарител од Скопје, кој има евидентирани 115 дарувања во рамки на крводарителски акции и како редовен учесник во бројни хуманитарни акции мотивира со својот личен пример, се вели во соопштението од Град Скопје.
Градоначалничката и присутните им посакале на наградените добро здравје и успеси во новата година, со желба да продолжат со својата храбра и посветена работа во интерес на граѓаните.
Куманово - Почнаа подготвителните активности за конзервација на живописот на црквата „Свети Ѓорѓи“, сместена во средишниот дел на селото Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претставниците од НКЦ денеска ја посетија црквата која е ремек-дело и во архитектонска и во сликарска смисла. Ресорното министерство најави дека од 2025 и наредните три-четири години ќе одвојува средства за конзервација на фреско сликарството во црквата.
-Денеска сме во Старо Нагоричане во црквата „Свети Ѓорѓи“, кој потекнува од 14-тиот век и освен што е ремек-дело во делот на архитектурата е ремек-дело и во однос на сликарството. Многу е важно што после десет години застој во работите, отпочнуваме со значаен проект за конзервација на фреско сликарството внатре во црквата. Она што, исто така, е многу важно што во 2025 година ќе обезбедиме некаде околу 5, 5 милиони денари за работа, но најважно е што ова ќе биде повеќегодишно финансирање во наредните три години, можеби и четири години што значи дека во наредните години нема да имаме застој во однос на конзервација на фреско сликарството. Така што мене ми е многу жал што изминативе десет години мало таков застој, таква деградација во однос на работата, но се надевам дека со интензитет којшто ќе го имаме во наредниот период работите ќе си дојдат на свое место и посебно сум среќен што ќе се случува ова во наредниот период. Како министерство за култура и туризам стоиме на располагање во 2025 година за многу други значајни проекти, изјави Љутков.
Струга - Македонскиот јазик, литература, традиција и култура беа претставени на „Неделата на јазиците” што се одржа во училиштето „Јахја Кемал” во Струга.
- Учениците од основното и средното училиште „Јахја Кемал“ преку бројни проекти го претставија развојот на македонскиот јазик и литература преку Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески до денес, соопшти училиштето.
Посочуваат дека учениците ја испочитувале и македонската историја, македонската носија и традиционалната вкусна македонска храна на која никој од гостите не останал рамнодушен.
Кавадарци - Изграден е новиот ски центар во кавадаречко Михајлово, пуштањето е на први јануари, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Оттаму нагласија дека земјава добива нов скијачки центар во срцето на Кожуф планина.
- Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите, соопштија од Кабинетот на Јанчев.
Оттаму информираа исто така дека зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е активна на терен од утринските часови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.
Охрид – Пратениците во Советот на Општина Охрид на денешната седница го усвоија буџетот на Општината за 2025 година. Основниот буџет изнесува 1.210.850.000, додека вкупниот буџет 1.957.195.223 денари, инаку историски најголем буџет на општината.
Градоналалникот Кирил Пецаков во обраќањето пред советниците истакна дека станува збор за перспективен и развоен буџет што многи ќе значи за Охрид.
-За споредба, го започнавме во 2022 година буџетот со околу 580 милиони денари сопствен приход за да стигнеме сега, заедно со пренесеното салдо, до милијарда денари. Општина Охрид втора година со ред, 2023 и 2024 уште на почетокот на ноември остваруваше сто проценти од приходната ставка на буџетот и двете години со ред пренесувавме салдо во новиот буџет кој можевме да го планираме. Првата година го искористивме за одблокирање на Општина Охрид, зборувам за 2024, а годинава 200 милиони денари плус ќе ги пренесеме најмногу за капиталните инвестиции, но и поединечно по ставки во животна средина, туризам, локален економски развој, спорт, култура, социјална заштита… Би рекол дека Општина Охрид после многу години застанува на здрави нозе посебно од финансиски план и пред нас е еден период, не само оваа година и наредните години на инвестициски бум по однос на капиталните инвестиции, истакна Пецаков.
Тетово - Исплатени се во целост сите плати кон вработените на ЈКП Тетова - Тетово, информираа денеска од Општина Тетово.
- Овој чекор јасно ја покажува посветеноста на Општина Тетово кон достоинството и благосостојбата на секој вработен во ЈКП, кои се важен дел од нашата структура и секојдневно работат за да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Општина Тетово демонстрира вистинска посветеност да ги исполни своите обврски кон вработените и да осигура дека тие се третирани со почит и во согласност со законските прописи. За Општина Тетово, вработените не се само бројки во статистиката, туку се индивидуи кои ја сочинуваат основата на секој развој и напредок. Затоа, од самиот почеток, наш приоритет е да обезбедиме секој вработен да ја добие својата плата навремено и во согласност со неговите заслуги, информираат меѓу другото од Општина Тетово.
Советот на Општина Тетово на 11 декември донесе одлука за покривање на загубите на ЈКП „Тетово“ во висина до 60 милиони денари за четири плати и придонеси 2024 година.
Скопје - Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5м3.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го разгледа возилото заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Ивица Трипуновски, истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите. Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50км фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците.
Штип - Во рамките на циркуларен караван заменик министерот за економија, Марјан Ристевски, заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова и секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова беа во посета на ПЗУ "Др.Самарџиски". Здравствена устанува која е корисник на мерката „Креирање на слободни работни места преку зелени инвестиции“.
Пешова посочи дека мерката има за цел да ги опфати невработените лица и да се креираат повеќе слободни работни места и да се поттикне зелената трансформација на претпријатијата.
-Во тој контекст оваа мерка претставува финансиска поддршка на правните субјекти за секое отварање на ново работно место, преку финансиска поддршка во вид на набавка на опрема, којашто опрема значи подобрување на животната средина, намалување на потрошувачката на енергија, како и на материјали за енергетска ефикасност, вели Пешова.
Куманово - Министерството за култура и туризам и Националниот конзерваторски центар ќе обезбедат средства за манастирот во Матејче и ќе ја разгледаат иницијативата на група граѓани за санација на конаците во Карпинскиот манастир, информираа денеска надлежните од двете институции при посетата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане.
Двата сакрални објекти едниот сместен во Липковско, вториот во општина Старо Нагоричане, се исллуително важни примери на древни манастири. Министерството за култура претходните години одвојуваше средства за непосредната заштита и реализација на проектот за конзервација и реставрација, препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче. Поставениот оловен покривач беше ограбен пред извесен период, за што информираа и полицијата и епархијата. Од Националниот конзерваторски центар беа обезбедни средства за превентивно покривање на куполите и сводните површини со хидроизолационен материјал.
Куманово - Мотоклуб „Мечки“ Куманово денеска по 17-ти пат пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја организираше манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“. Моторџии од Куманово и од другите градови од државата поделија слатки и пакетчиња за најмладите кои имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз на мотор и да уживаат во оваа манифестација која е една од најпосетуваните во претпразничниот период.
-Драго ни е што годинава имаме и аниматори, ученици од „Кочо Рацин“ кои ја збогатија програмата. Поделивме донации стандардно за децата и лица со попреченост за трите центри кои функционираат во градот и секако пакетчиња за најмалите, изјави Игор Тимчевски од Мотоклуб „Мечки“.
Изминативе години, кумановскиот мотоклуб заедно со нивните пријатели моторџии од Европа донираше медицинска опрема и материјали за Кумановската болница и за Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Најмладите кумановци добија подароци и уживаа во звуците на моторите при прошетка низ кумановските улици.
Скопје - Општина Центар вечер од 19 часот на пјацетата кај Италијанска амбасада организира концерт „Џез под ламба“ на кој во џез верзија ќе прозвучат познати македонски евергрини во изведба на Искра Србиновска квартет.
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски ги покани граѓаните да го посетат концетот во пресрет на новогодишните празници.
-Вечерва заедно ќе слушаме и уживаме во нашите најпознати македонски евергрини, преточени во џез стил. Ги поканувам сите скопјани на добра музика, греано вино и печени костени. Со вакви настани поттикнуваме креативност, ги зближуваме граѓаните и создаваме топла и празнична атмосфера, која ќе ги поврзе љубителите на македонската музика, култура и традиција, истакнува Герасимовски.
Штип – Општина Штип на 31 декември на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе организира забава, односно пречек на Нова година, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Тој посочи дека забавата почнува по 21 часот, со познати музички имиња и бендови од Штип.
-Ќе имаме богата музичка програма, со можност за служење на пијалаци, јадења, за оние коишто ќе бидат присутни на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Во име на Општината ги повикувам сите наши сограѓани да ни се приклучат на забавата којашто ја организира Општина Штип, по повод пречекот на Новата 2025 година, вели Јорданов.
Тој истакна дека Програмата за пречекот на Нова година ќе биде објавена во текот на наредните денови со цел да се информираат граѓаните на Штип, но и граѓаните од соседните општини и градови.
Во Штип продолжува „Божиќниот маркет“ секоја вечер на шеталиштето „Ванчо Прќе“ со настапи на познати музички имиња и бендови од Штип и земјата.