• четврток, 27 јуни 2024
МИА Најави МКД

6 јуни 2024

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. (вила Водно,12:00/новинарски екипи во Вила во 11:20 часот)

Скопје - Завршна конференција по повод завршувањето на 4-годишниот Регионален проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ - (РЕАД) финансиран од ЕУ во областа на културата.  (х.„Холидеј Ин/9:30/ изјави за медиумите во 13:30)

Драч - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе учествува на конференцијата на началници на генералштабови на армиите на балканските земји (форум Б-9), која ќе се одржи во Драч.

Скопје - Екоактивисти од повеќе граѓански организации и иницијативи ќе одржат прес - конференција за поднесување Иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на одредбите 17 и 18 од измените на Изборниот законик од 07.03.2024 година што се однесуваат на условите за поднесување независни листи за советници, градоначалници и пратеници. (пред влезот на Уставен суд/12:00) 

Скопје - Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу ќе се обрати на почетокот на изградбата на новиот училишен базен во општина Чаир во близина на улицата „Ферид Мурати“ (Спроти „Принц“). (12:00)

Скопје - Конференција за управување со ризици на тема „Ризиците движат QUO VADIS?“ во организација на Факултет Хајделберг во Скопје, Институтот за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ, во соработка со Првата македонска банкарска академија - АБИ. (Факултет ХАЈДЕЛБЕРГ, ул. „Васко Карангелески“/9:30)

Скопје - Тркалезна маса на тема “Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес” во организација на Сојузот на здруженија на дијабетес. (х.„Карпош“/16:30)

Скопје - Хуманитарен базар. (Кампус на ИБУ)

Софија - Петнаесетто издание на „Македонската книжевна визита“. (Салон на КИЦ на РСМ/19:00)

Скопје - Разговор посветен на првата општествена градина „Бостание“ која се наоѓа во Ново Лисиче, во Општината Аеродром, дел од проектот под наслов Зошто Бостание? (Мала станица/19:30)

Скопје - Промоција на тритомното издание со колумни „Човекот, зборот, вистината“ од Страшо Ангеловски. (Во паркот на книгите на Матица Ексклузив/19:00)

Скопје - Промоција на монографијата, за „Гого Попов - Звукот на тишината“ од Јован Божиновски. (Музеј на македонската борба/19:30)

Скопје - Перформансот „Мачката Елеонора“ со две нови изведби. (МКЦ Клуб/20:00)

Скопје - Донаторски кружок. (АТК Премиум клуб/18:30)

Скопје - Селекција од кратките филмски дела на Милчо Манчевски. (Кинотека/20:15)

Скопје - Дваесет и трето издание на ОФФ-Фест 2024 во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека, со осум концертни настапи и два документарни филма.

Скопје - „Младите доаѓаат“ концерт на новите музички таленти. (Филхармонија/20:00)

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан