• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави МКД

2 април 2024 

Скопје - Пред претседателот на Собранието, Јован Митрески  свечена изјава ќе даде Башким Бесими, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.  (Охридска сала/11:00)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе присуствуват на одбележувањето на Денот на најголемата борбена единица во Армијата, прва пешадиска бригада. (Касарна „Страшо Пинџур” во Петровец/11:00, пристигнување на медиумите пред пријавницата на Касарната/10:40) 

Скопје - Конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“ во организација на Фондација Метаморфозис. (х.„Холидеј ин“10:00)

Скопје - Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ организира Годишна судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање - Предуслов за обнова на јавната доверба“. (х.„Александар Палас“/10:00, изјави за медиумите/10:30)

Скопје - Потпишување на Кодексот за фер и демократски избори за Претседателските избори 2024 година, од страна на кандидатите за Претседател на Република Северна Македонија. (Државна изборна комисија, 4 кат/14:00, изјави за медиумите/15:00) 

Скопје - Изборна конвенција на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. (Сала „Борис Трајковски“/20:00, медиумски екипи/19:15, конвенцијата ќе се пренесува во живо на дигиталната платформа на кандидатот за претседател Пендаровски, Фејсбук)

Скопје - Прес – конференција на Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (пред Врховниот суд/ 12:30)

Куманово - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на која ќе се обрати кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски. (Пред Основен суд/10:15)

Тетово - Општина Тетово во соработка со сите општински училишта организира активност по повод Меѓународниот ден на аутизмот, под мотото „Светот не би имал живот без боите“ на која ќе присуствува  градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами. (Плоштад Илирија/11:00)

Скопје - Панел сесии посветени на младите во рамки на проектот Иднината почнува дома во организација на Дирекцијата за ТИРЗ. (Арена Тоше Проески, источна трибина, спроти фудбалското игралиште на ФК Вардар/10:00, изјави за медиумите/11:15)

Скопје – Маратон под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до влада“, во организација на ФИНКИ. (Градски парк/11:00)

Скопје - Панел дискусија „Зборообразување-Нови димензии на македонскиот јазик“. (Музеј на македонска борба и самостојност/18:00)

Скопје - Тимот на „Сина светулка“ ќе го одбележи 2-ри април Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот.  (Главен влез на East Gate Mall/15:00)

Скопје - Промоција на новиот роман од Калина Малеска „Светот што го избрав“. (Кафе книжарница Буква/19:30)

Струмица - Промоција на сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров. (Пред книжарницата „Литература.мк“/18:00)

Скопје - Промоција на книгата „Иванов 1887/1889 две верзии од Чехов“. (Македонски народен театар, фоаје/19:00) 

Скопје - Интерактивна изложба „Rib or All Parts Matter of Fact“ во авторство на Аница Бебиќ и Тома Димовски. (КСП Центар-Јадро/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Уметници и Бегалци“. (Национална галерија Чифте Амам/19:00)

Скопје - Годишна клубска изложба на фотографии “ЕЛЕМА 2024“. (Рудиќ Галерија/19:00)

Скопје - Премиера на македонскиот документарен филм „Патот на престапникот“. (Кинотека на Македонија/18:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан