29 мај 2025
Скопје – Седница бр. 50 на Собрание на Р. Северна Македонија. (Сала „Македонија“/11:00).
Скопје – Седница на собраниска Комисија за култура и туризам (Сала 4/10:00).
Скопје – Седница на собраниска Комисија за социјална политика, демографија и млади (Сала „Борис Трајковски“/10:30).
Скопје – Седница на собраниска Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање (Сала 6/ 10:30).
Скопје – Потпишување меморандум за соработка помеѓу музеите и Собранието (Стар кабинет/10:30).
Скопје – Седница на собраниската Законодавно - правна комисија (Сала 6/11:00).
Скопје – Координациска средба на Клубот за младински прашања и политики (Сала на Уставна комисија/11:00).
Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија (Сала 4/11:15)
Скопје – Седница на собраниска Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство (Сала 6/13:00).
Скопје – Отворање на изложба „Од ризницата на македонското Собрание“ (Собрание на РСМ, Кристална сала/14:00).
Скопје – Обраќање на првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на 6. Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) (Хотел Холидеј Ин - Конференциска сала Милениум 1/09:30).
Скопје – Прес конференција на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов (Дигиталната судница во рамките на Казнено-поправниот дом Идризово/09:30).
Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и претставник од Фондацијата Фридрих Еберт (Во дворот на Општина Центар/10:00).
Скопје – Прес-конференција на портпаролката на Владата на Република Северна Македонија, Марија Митева (Медија центар на Влада/10:30).
Скопје – Партиципативен форум на тема „Улога на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија" во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Советот на Европа (х. Холидеј Ин, 10:00).
Скопје – Регионална онлајн конференција „Дај петка за подобра иднина!“ (Во живо на YouTube и Фејсбук профилите на ЦИВИЛ/12:00).
Скопје – Прес-конференција на Инспекторат за употреба на јазиците (Улица „Филип II Македонски“ број 11, пред зградата на Министерството за односи меѓу заедниците/12:00).
Истанбул – Книжевна вечер насловена „Македонија и Турција – Книжевни мостови“ во рамки на 17. издание на Истанбулски интернационален литературен фестивал (ИТЕФ) (Македонски Културно-информативен Центар во Истанбул/17:00).
Скопје – Комеморација за актерката Соња Каранџуловска. (Македонски народен театар/12:00).
Битола – Проекција на „Поплава“- најдобриот анимиран филм оваа година (Кино Манаки/18:00).
Битола – Завршна изложба на ликовни дела од меѓународната колонија „Мал битолски Монмартр“ (Офицерски дом /18:30).
Скопје – Изложба на 15 македонски жени уметници во организација на галерија ОСТЕН (Галерија ОСТЕН/19:00).
Скопје – Книжевна вечер со Жарко Милениќ (Салон Империјал 2/19:19).
Скопје – Концерт „Високи вибрации“ на рускиот пијанист Дмитри Маслеев (Македонска Филхармонија/20:00).
Скопје – Цртачки концерт и интерактивна претстава со ВИДУ, дигитален уметник, во музичка придружба на пијанистката Марина Васиљева (Младински културен центар/20:00).
Фото: МИА архива
____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***