• недела, 23 јуни 2024
МИА Најави МКД

25 јули 2023 

 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за уставни прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/13:00)

Скопје - Свечена изјава на Антоанета Димовска и Наке Георгиев, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание на РСМ, Охридска сала/ 9:30) 

-Свечена изјава на Светлана Жупаноска, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание на РСМ, Охридска сала/ 9:45)

Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Медија-центар на Владата / 14:00 и онлајн во живо на линковите: https://www.youtube.com/watch?v=3r0PfUpLrBU (македонски јазик) и https://www.youtube.com/watch?v=U_-quBUq_rI (албански јазик)

Скопје - Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, лиценцираниот помирувач и арбитер во работни спорови Илија Манасиев и претседателот на синдикалната организација на УЈП „Солидарност“ Васе Недановски, ќе одржат прес-конференција по повод завршување на процесот на помирување и новиот Колективен договор на УЈП. (Простории на Генералната дирекција на УЈП, зграда на Комплексот Банки, 2 кат/10:00) 

Скопје - Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) организира завршен настан по повод 60-годишнината од земјотресот во Скопје. (Двор на ИЗИИС/09:30)

Скопје - Прес-конференција на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. (х.„Мериот“/13:00) 

Охрид - Прес-конференција посветена на Американската вечер на „Охридско лето“, на која ќе настапи американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович. (х.„Инекс Олгица“/11:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Последниот татнеж во еврејското маало - фотографии факти низ објективот на Рафаел Алтарас“. (Плато пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија/20:00)

Охрид - „Над кулисите“ - изложба на уметнички фотографии на Александар Томовски. (Предворје на црквата „Света Софија“/19:30)

Битола - Детска ликовна работилница „Народната култура - трајна инспирација во моето творештво“. (Центар за култура/10:00)

Битола - Концерт на КУД „Илинден“-Битола, „120 години Илинденско востание“. (Стара битолска чаршија/20:30)

Скопје - Со концерт на евергрини започнува „Скопје во пет и седумнаесет“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес. (Парк „Ибни Пајко“/21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан