• петок, 19 април 2024
МИА Најави МКД

25 мај 2023 

Скопје - Продолжение на 115. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (12.00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски/12.00) 

Скопје -  Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи во посета на Србија.

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР во посета на Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово и средба со раководството на Одделот, по што ќе следи изјава за медиумите. (12:45, пристигнување на медиуми до 11.45)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе се обрати на презентација на „Мое здравје“ – нова платформа за пристап и увид во личните здравствени податоци. (х. Холидеј Ин/11.00) 

Скопје -  Предавања во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ со обраќање на Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција во ОУ „Браќа Рамиз - Хамид” во Општина Шуто Оризари/ 09:30 и во ОУ „Војдан Чернодрински“ во Општина Карпош/ 12:00 часот. (изјава за медиуми во ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“/09:20 часот и пред ООУ„Војдан Чернодрински“ во 11:45 часот)

Скопје - Брифинг со медиуми на тема „Германско-македонски стопански односи“ на новата директорка  на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија Антје Ванделт. (ресторан Лира, ул. Никола Тесла 11/10.00

Скопје - Отворање на Состанокот на Гамингер иницијатива ГАМИНГ 1 - здружение на офицери во резерва од Северна Македонија, Гераманија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка и Полска. (х. Континентал/08.00) 

Скопје - Прва конференција за наука за материјали, во организација  на Македонската академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, која стартува со предавање на Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда по хемија во 2011 година, за откривање на квазикристалите. (Амфитеатар на МАНУ/ 08:30)

Штип -  Меѓународна научна конференција  „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ , во организација на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. (Правен факултет Штип/10.00, изјави за медиуми 10.30

Тетово - Јавна дебата за Физибилити студијата за јавно приватно партнерство на ЈП „Градски Паркинг“ - Тетово. (сала на општина Тетово/14.00)

Скопје - Отворање на изложбата „Украс“ на Марјана Костојчиноска Узунчева. (Музеј на град Скопје/19.30)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан