• четврток, 09 април 2026

Детска крос-трка 2026 во Градскиот парк во Скопје

Детска крос-трка 2026 во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - На тартан патеката во Градскиот парк денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи детската крос-трка по повод Меѓународната недела на здравјето.

- Како и секоја година на овој ден со најмалите, децата од градинките го одбележуваме Светскиот ден на здравјето, со фокус на најважниот темел за секое општество - здравјето - соопштуваат од ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ кои ја организираат трката по петти пат. 

Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината. Трката изнесува 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4x50 метри.

- Целта на оваа манифестација е да го одбележиме меѓународниот ден на здравјето и да испратиме порака - Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе допринесат за долг и здрав живот - нагласуваат од ЈУ. Детски културен центар „Карпош“.ар
Фото:ЈУ. Детски културен центар „Карпош“. ар/ев/

ФОТО: Плакат 

Остани поврзан