МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 20 септември 2024
20 септември 2024
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Будимпешта - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во работна посета на Унгарија.
Скопје - Министерот за здравство, Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во Р.С.Македонија, Н.Е. Оцука Казуја, и директорот на УК за детски болести, д-р Реџеп Мемеди ќе присуствуваат на церемонијата за потпишување договор за набавка на мобилен рентген апарат. (Министерство за здравство, горна сала/10:30)
Куманово - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ќе се обратат на втората јавна дискусија од кампањата “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. (Простори на поранешен Комитет, ул. „Илинденска“ бб,/10:00, изјави за медиумите/11:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на церемонијален настан „Запознајте ги суперучилиштата“, на кој ќе бидат претставени 15 средни училишта од државата кои ќе реализираат заеднички проекти со партнерски училишта од регионот. (Европска куќа во Скопје/12:00)
Охрид - 23-та Годишна конференција на Македонска берза. (х.„Метропол“/9:30)
Охрид - 31.Балканска Олимпијада по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).
Скопје - Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ќе одржи онлајн консултации за програмирање на ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанското општество (CSF) за периодот 2026-2027 година. (12:00-13:30)
Скопје - Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ќе одржи прес-конференција. (Работнички дом - Зградата на ССМ,10 кат/13:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Менуваме. (Пред Министерство за социјална политика демографија и млади/12:00)
Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на ХМЛ (Хронична миелоична леукемија, како и септември месец посветен на подигнување на свесноста за ракот на крвата. (Кинотека, Библиотека „Другарче“, Лептокарија/11:00)
Скопје - Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања - Раст ќе го одбележи Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. (Порта Македонија/12:00)
Скопје/Виница/Штип/Велес - Одбележување на Меѓународниот ден на мирот - 21 Септември во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ:
- СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ организира марш низ центарот на Скопје (12:00), кој ќе заврши на Камен мост.
- Мировен марш и пригодна програма со музички и драмски точки во Градскиот парк во Виница. (9:30)
- СОУ „Јане Сандански “ - Штип организира работилница со деца во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ЦПЛИП- Порака - Штип. (12:00)
- СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес ќе ја реализира 11. Парада на мирот со сите ученици и наставници. (11:00)
Скопје - Свечен пречек на иконата на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар која ќе биде донесена во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица. (Пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“/17:00)
Скопје - ArtArea/Артерија #8 книжевно-мултимедијалниот фестивал. (Кафе-книжарницата „Буква“)
- Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени.
- Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски. (19:00)
- Џез концерт - трио Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ. (20:00)
Скопје - Промоција на музичко – едукативниот проект насловен како ЗОО Азбука!!! (Зоолошка градина/12:00)
Скопје - Концерт на виолинистот Стефан Миленковиќ со камерниот оркестар „Профундис“. (Филхармонија)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***