• петок, 12 јули 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

12 јули 2024 

Скопје – Одбележување на 11 Јули - Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/13:00)

Ресен – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, ќе ја посетат општина Ресен каде ќе остварат средба со градоначалникот Јован Тозиевски. (Изјави за медиумите во просториите на Општина Ресен/11:00)

Гостивар – Средба на вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, со градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лиман. (11:00)

Скопје – Министерот за јавна администрација Горан Минчев организира брифинг по што ќе следува прес-конференција. (Кабинет на министерот за јавна администрација, зграда на „Нова Македонија“, приземје/12:00

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари  ќе има средба со деканот на Медицинскиот факултет, Светозар Антовиќ. (Страничен влез на Деканат на Медицински факултет, изјава за медиумите по средбата / 9:45)

Охрид - Министерката за образование и наука Весна Јаневска во посета на општина Охрид.

-посета на основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани (9:30

-посета на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“ (10:15, предвидена е изјава за медиумите

Охрид -  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе се обрати на отворањето на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

- Министерот Љутков ќе го посети Плаошник, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и в. д.  директорите на Управата за заштита на културното наследство,  Весела Честоева,  и на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Горан Патчев. (14:00, изјави за медиумите/ 14:15)

Скопје - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје организира конференција „Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“. (х. „Хилтон“ /10:00, изјави за медиуми по завршување на првиот панел/11:30)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на судска администрација и Синдикатот на затворска полиција и администрација како дел од гранскиот Независен синдикат на државна администрација. (пред Министерството за правда/13:15

Скопје – Проекција на независниот македонски краток филм „Мавера“ во рамки на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. (МКЦ/20:30)

Градско – Манифестација „Градско, храна, вино и традиција“ по повод Павловден. (Шеталиште во Градско/20:30)

Пунта дел Есте –  Проекција на филмот „Бизнисот на задоволството“ од Гоце Цветановски на фестивалот „Син дел Мар“ во Уругвај. (20:00)

Виница – Самостојна изложба на Гордана  Вренцоска насловена „Геометриски медитации“. (Дом на културата „Тошо Арсов“/ 19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан