• петок, 25 октомври 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

25 октомври 2024

Скопје – Средба на ПГ за соработка со Парламентот на Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан Туркменистан со амбасадорот на Казахстан, Садбалди Бурашов. (Сала 5/ 11:00)

Скопје – Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“ на која учество ќе земат Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Златко Пирински, министер за локална самоуправа и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Свечена сала на Владата/ 10:00)

Скопје - Прес-конференција на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. (Влада - Медија центар/11:30)

Струга – Министерот за правда, Игор Филков во работна посета на КПД Струга. (пред влезот на затворот, по завршувањето на посетата, министерот Филков ќе даде изјава за медиуми околу 13:00)

Скопје – Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ќе се обрати на настанот по повод одбележување на „Европската недела на безбедност и здравје при работа“. (х. „Александар Палас“/ 10:00, пред почетокот на настанот изјава за медиумите ќе даде министерот Дурмиши) 

Скопје – Работилница Б2Б во организација на Туристичката организација на Србија со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија. (х. „Александар Палас“/ 11:30, изјави за медиумите ќе дадат директорката на Туристичката организација на Србија, Марија Лабовиќ и претставници на локални туристички организации на Србија/ 11:00)

Скопје – 13. Меѓународна конференција за настава по англиски јазик „Нови предизвици, нови перспективи„ („New Challenges, New Perspectives“) под мотото „Challenge and be challenged!“ (Музеј на македонската борба за самостојност/ 9:30, изјави за медиумите/ 11:10 – 11:40)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Здружението „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ. (пред Домот на хуманитарни организации, Црвен крст на град Скопје, бул. „11 Октомври“ бр. 42а/ 11:30)

Скопје – Прес-конференција за отворање на кампањата „Денови за донирање 2024“. (на платото пред Ист Гејт Мол/ 13:00)

Тетово – Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, ќе даде изјава за медиумите, по повод почетокот на работите за реконструкција на улицата „Борис Кидрич“. (11:00)

Скопје – Свеченост по повод 10 години од Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ. (во Амфитеатарот на МАНУ/ 10:00)

Скопје – Работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром во организација на „Макпетрол“. (ОУ „Љубен Лапе“/ 18:00)

Скопје – СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети. (Јавна соба/16:00)

Скопје – Климатон 2024 – Заедно кон позелен град! (Innox Center Skopje/9:30)

Скопје - „Амбасадор на сеќавањето“: Приказната за преживеаниот од Втората светска војна, документарен филм за современиот сведок Станислав Залевски. (Скопје Сити Мол, кино „Синеплекс“/ 20:00)

Скопје – DMWC Модна ревија: „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, во рамките на проектот „Поттикнување на иновативноста и креативност на жените на пазарот“. (Лабораториум/ 21:00)

Битола – Премиера на театарската претстава „Ричард Трети“. (Народен театар/ 20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Анатомија на небото“ од Борче Панов. (Салон Империјал 2/ 19:19)

Софија – Промоција на романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски. (КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7/ 18:30)

Скопје – Отворање на изложба на керамики од Филип Фидановски со наслов „Пикасо можеби јас 2“. (Музеј на град Скопје/ 20:00)

Скопје – Модата е вечна: Одржливост и иновации на 29. Моден викенд Скопје. (Лабораториум/ 19:00)

Загреб – Националниот џез оркестар ќе го отвори „JAZZHR“: Заеднички концерт со врвни солисти од регионот. (на сцената на Клуб Театар Комедија – Контеса/ 19:30)

Скопје - За одбележување на XXIV Settimana Della Lingua Italiana (Неделата на италијанскиот јазик), Амбасадата на Швајцарија и Амбасадата на Италија во Северна Македонија се домаќини на еден од најпознатите швајцарско-италијански хип-хоп артисти Mattak кој ќе одржи концерт заедно со Фанки Нано и легендарниот македонски диџеј Гоце САФ. (во клубот „Минус Еден“/ 21:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан