• вторник, 19 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

19 октомври 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со претседателот на Парламентарното собрание на Совет на Европа, Тини Кокс. (Собрание, сала на Влада/15:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, Сала 5/12:00)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ја посетат фабриката за производство на сувомеснати производи „Мис Глобус ДОО“. (Населба Хром, ул.„Веле Марков“/11:00)

Куманово - Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе ја посети компанијата Бентон-Ни во Куманово, која е подржана од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ). (изјави за медиумите/11:45)

Скопје - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА организираат меѓународна конференција на тема „Поширока европско општество: Важноста на локалното владеење“. (МНР/9:30)

Куманово - Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заедно со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шеф на канцеларијата на СЗО, ќе го посети ЗД Куманово, со цел осврт на реформите во ПЗЗ. (13:00)

Скопје - Конференцијата по повод „10 години Национална рамка на квалификации“ во организација на Министерството за образование и наука. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Презентација на 24-то издание на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. (х.„Мериот“, АБЦ сала на 1-ви спрат/10:00)

Скопје - Регионална експертска конференција во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“ во организација на Европско движење (ЕММК) и Национална конвенција за ЕУ (НКЕУ-МК). (х.„Александар Палас“/10:00)

Скопје - Брифинг за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“ во организација на Министерството за здравство. (Three Kitchen & Bar,50-та Дивизија бр. 25/10:00, изјави за медиуми на крајот на брифингот/11:00)

Штип - Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја организираат „Катедра Аденауер 2023“ на тема „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“. (Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Правен факултет/11:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Форум за Родово Одговорно Буџетирање на тема "Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан & Молдавија". (Јавна Соба/9:00)

Скопје - Прес-конференција на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. (Синеплекс, Сала 4/11:30)

Скопје - Изјава на претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. (Пред зградата на ССМ/10:45)

Скопје - Независниот Синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал ќе даде изјави за медиумите. (Во дворот на Клинички центар “Мајка Тереза” на паркинкот помеѓу црквата и наплатниот центар/10:45, и пред ГОБ 8--ми Септември од пред влезот на Болницата/10:45)

Скопје - Националното здружение за Мултиплa Склероза (МС) во соработка со Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) организираат едукативен интерактивен настан по повод Националните денови на МС. (Медицински факултет, амфитеатар на Деканатот/12:45)

Скопје - Фондацијата Метаморфозис ќе одржи конференција „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“. (х.„Арка“/10:00)

Скопје -  Потпретседателот на Habitat for Humanity International за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, Рик Хатавеј, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија ќе одржат состанок по повод основање на Локална лидерска група во Општина Шуто Оризари. (11:00, изјави за медиумите пред зградата на Општина Шуто Оризари/12:00)

Скопје - Прес-конференција на проф. д-р Вело Марковски на која ќе ги објави своите намери за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори. (Простории на Прима Данца. ул.„ 23 Октомври“ 1a/5/локал 1, во близина на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување/13:00)

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Зелениково, Коста Маневски во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе изврши увид на градежни активности во населено место Орешани. (12:00, изјава за медиуми по завршување на настанот)

Скопје - Прес-конференција на Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани Градиме иднина. (Пред седиштето на Основното Јавно Обвинителство/11:30)

Скопје - Регионален форум за Родово Одговорно Буџетирање, завршен настан во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијтиви, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост". (ресторан Пелистер/13:00)

Скопје - „Есенски базар“ во организација на Скопје Сити Мол. (Скопје Сити Мол/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Повисоко од себеси“ од академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски. (Културно-информативен центар-КИЦ, салон „Империјал II“/20:00)

Скопје - Промоција на изложба и каталог со наслов „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане - Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“. (Музеј на град Скопје/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата "Паралелни светови" на фотографот Денис Јагџи. (Стара скопска чаршија, Сули ан - галеријата „Драгутин Аврамовски - Гуте“/19:00)

Сао Паоло - Скопје Филм Студио со два филма ќе учествува на 47-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло во Бразил. 

Пробиштип/Крива Паланка - Премиера на најновиот филм на Јани Бојаџи, „Кино Љубов“. (Центар за култура во Пробиштип, Центар за култура во Крива Паланка)

Скопје - 42. издание на Скопскиот џез фестивал. (Национална опера и балет/20:00 и МКЦ - Дансинг сала/23:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија ќе изведе музика од Збигњев Прајснер напишана за филмовите на еден од најзначајните европски режисери - Кшиштоф Кишловски. (Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан