• петок, 05 декември 2025
МИА најави МКД (ДПЛ)

29 ноември 2025

Битола - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњаноски, ќе го посетат караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција на Националниот портал - uslugi.gov.mk. (Плоштад „Магнолија“, изјави за медиумите/11:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (Седиште на СДСМ/12:00)

Скопје - Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија ќе одбележи 15 години од основањето на ЗПРМ. (Галерија „Мала станица“ - Национална галерија на Македонија/18:00) 

Скопје - ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ ќе одржи настан по повод Месецот на машкото здравје во рамки на кој ќе бидат обезбедени бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата, со цел подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје. (10:00) 

Скопје - Полуфинален настан на средношколскиот бизнис натпревар „Средношколец милионер“. (Простории на Бреинстер НЕКСТ колеџот, ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 19/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Викторија Андоновска. (Седиште на ВМРО-ДПМНЕ/11:30)

Скопје - Иницијативата „Сите за Палестина“ ќе одржи протест во знак на Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ. (Пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода/12:00, претставници на иницијативата „Сите за Палестина“ ќе дадат изјави за медиумите на почетната и крајната точка од маршот)

Скопје - „Urban Armour“ проект и модна ревија со фокус на урбаната култура, бруталистичкото наследство на Скопје и современиот дизајн. (Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/19:00)

Самобор - Културна манифестација Рацинов ден „Бели мугри“ во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“-Загреб. (Самоборски музеј, Ливадиќева 7/14:00)

Скопје - Концерт насловен како „Timeless“ на кој ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ со Камерниот оркестар „Профундис“. (Македонска филхармонија/20:00)

Скопје - 22. издание на „Европската кошаркарска недела“ во организација на Специјална олимпијада Северна Македонија и Кошаркарската федерација на Македонија. (Спортско рекреативен центар „Кале“/10:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан