• понеделник, 14 јули 2025
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

17 јуни 2025 

Баку – Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе учествува и ќе се обрати на пролетната сесија на 65. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

Скопје – Собранието ќе ја одржи 53-тата седница. (Собрание, сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на Собраниската комисија за одбрана и безбедност. (Собрание, сала 6/10:00)

Скопје – Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата и слободите на граѓанинот. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/14:00)

Битола – Премиерот Христијан Мицкоски ќе простојува во посета на Општина Битола каде ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“. (11:00; Предвидена е изјава за медиуми)

Куманово - Презентирање на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, презентација на активни мерки од Агенција за поддршка на претприемништвото, како и активни мерки и повици на Министерството за економија и труд. (Сала на Советот на Општина Куманово/10:00; изјави за медиуми пред почетокот на настанот ќе дадат заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски)

Битола - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се обрати на одбележувањето на 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ под насловот „Идеја што не запира, вредности што носат промени“. ( Хераклеја Линкестис/20:00)

Скопје - Настан на тема „Како стартапите може да обезбедат паметно  финансирање во 2025“ во организација на Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ). (Инокс центар за иновации/18:00)

Скопје - Перформанс „Сексуално образование II: Борба“, копродукција на Slovensko mladinsko gledališče, заедно со MASKA и Mesto žensk од Љубљана, Словенија како дел од изведувачката програма на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО (#ППЖ13). (Кино на Железничката зграда/19:30)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“од Милена Сиљаноска во издание на ТРИ. („Буква“/20:00)

Скопје - Чалгиска музика на Тимчо Чичаковски-трио во рамки на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“ организирана од ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје. (Сули ан/19:00)

Скопје – Отворање на 63-ти денови на македонска фотографија 2025. (КИЦ Империјал 1 и 2/19:30)

Скопје - Прес-конференција на Кошаркарската федерација на Северна Македонија. (х.„Александар Палас“, конференциска сала - мезанин/12:00)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан