• петок, 22 ноември 2024
МИА најави - свет
19 мај 2022 Брисел - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. Париз - Почнува меѓународната конференција за климата наречена „Промени сега“, што ќе трае до 21 мај. Белград - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во посета на Србија, како дел од тридневната турнеја по Западен Балкан. Брисел – Средба на високи воени претставници на НАТО. Берлин - Германскиот Бундестаг ќе гласа за мерка за обезбедување економско олеснување во услови на драматично зголемување на цените со намалени такси за јавен превоз. Сеул - Јужна Кореја ќе се обиде по вторпат да лансира вселенска ракета. Берлин - Министрите за здравство на Г7 се собираат на дводневна средба во германскиот главен град . Лондон – Нискобуџетниот авиопревозник „Изиџет“ ќе ги објави своите полугодишни финансиски резултати.

Остани поврзан