9 април 2021
Крива Паланка - Вицепремиерите за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,и за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе извршат увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка. (Во близина на селото Т'лминци https://maps.app.goo.gl/wGgftt8se7ZSLcXD7/11:00, пристигнување на медиумите на посочената локација/10:45)
Скопје - Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира деталите од анализата за економските активности во ТИР зоните во 2020 година. (Влада на РСМ, медија центар/11:00, https://youtu.be/E9bUTmhaJ64)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи продолжение на 47.седница. (https://zoom.us/j/99216151779?pwd=TzBDREFmNUxPNHAydDNEUzVBT2pDdz09/10:00)
Скопје - Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ - Скопје, Хари Локвенец, по повод 9 април - Денот на железничарите, ќе одржи брифинг со новинари (11.00), по што се предвидени изјави (12.00/ простории на ЈП за железничка инфраструктура на ул Железничка 50 б)
Скопје - Прес-конференција по повод именување на Шалтер салата во рамки на зградата на Пошта меѓу 7-те најзагрозени споменици во Европа во 2021. (Шалтер сала на Пошта/11.00)
Тетово - Прес-конференција нa Алијанса за Албанците-огранок Тетово. (Седиште на Алијанса на Албанците/12:00)
Скопје - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе одржи прес - конференција.(Пред канцелариите на КСС, ул. 50-та Дивизија бр.25/12:00)
Скопје - Меѓународна ликовна изложба „Временските граници не постојат“. (Галерија КО-РА, голем салон/13:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***