• петок, 22 ноември 2024

МЗ: Остануваат препораките за граѓаните во услови на концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените

МЗ: Остануваат препораките за граѓаните во услови на концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Остануваат препораките за граѓаните на град Скопје во услови на концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените, велат од Министерството за здравство. Тие препораки беа донесени кон крајот на минатата година, како резултат на зголемени концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените, на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје.

Скопје денеска е на 19. место според загаденоста на воздухот на листата на платформата „Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот).

Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, не се препорачува престојување на отворено за лицата со чувствително  здравје.

Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари на Македонија, во изјава за МИА, укажа на тоа дека загадениот воздух влијае на респираторни заболувања, алергиски реакции од респираторниот систем, кашлици, главоболки, во зависност од територијата и колкава е концентрацијата на загаденост, условите во кои се работи.

Здружението на приватни лекари денеска побара од Министерство за здравство да го измени решението матичните лекари во Дебар да прават и крвни анализи на 10 проценти од нивните пациенти.

- Кај астматичари се влошува состојба, кај оние што имаат хронични опструктивни белодробни болести и други хронични заболувања. Треба да се внимава, во услови на загаден воздух, да се излегува само ако е неопходно. Особено да внимаваат повозрасните и тие што имаат здравствени проблеми, препорача таа меѓу другото во изјава за МИА.

Согласно заклучоци од владина седница од крајот на 2017 година, во вакви услови, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство, се должни да дадат препораки до граѓаните.

Меѓу другото, остануваат препораките до сите правни субјекти - работодавци, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар,  да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Тука се и препораките да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

На вчерашната прес-конференција, министерката за заштита на животна средина и просторно планирање, Каја Шукова рече дека анализите се јавни и покажуваат оти 45 отсто од загадувањето, доаѓа од домаќинствата.

- Но, секако и од јавни институции кои не користат еколошки системи за затоплување и таму интервенираме. Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите. Процесите не одат толку брзо, но, тоа не значи дека треба да застанеме на овие 70, изјави министерката.

Таа рече дека актуелните мерки за заштита од аерозагадувањето се краткорочни, а замената на системи за затоплување со еколошки е долгорочна мерка, но и долготраен процес почнат пред четири-пет години, во кој со одлука на Владата се доделуваат средства. Така што, рече, вакви системи веќе се воведени во поголемите здравствени установи и ќе им се помага на општините кои ќе достават барање и проект, и како пример посочи дека имаат од болницата во Гевгелија.

- Ги охрабруваме и општините, како што државата спроведува проекти во јавните објекти истото да го прават и тие во рамки на нивни можности, иако некои од нив им помагаат на домаќинствата со набавка на инвертери и замена на системи за загревање. Меѓутоа, и  секој од нас индивидуално треба да придонесе да се намали аерозагадувањето – да се горат суви наместо влажни дрва и да не се додаваат разни материјали како паркети, пластика, гума..., рече Шукова.

Веќе една година се прави мапирање и добиваат, рече, добри информации од сите општини. Во изминатите три години им било помогнато со катастари во кои се идентификуваат нивните загадувачи, а финансиски им помогнале и со подготовка на планови за воздух.

- Така што, она што може да го прави државата - да им помогне на општините во идентификување на потенцијалните загадувачи – го прави, рече министерката и додаде дека општините треба да ги спроведат краткорочните и долгорочните мерки против загадување донесени од нивните совети.

Таа посочи дека „УСЈЕ“ и „Макстил“ „се покажаа како одговорни компании“, зашто ја почитувале препораката до поголемите индустриски капацитети со А-интегрирана дозвола, да го намалат своето производство во текот на зимските месеци, кога има поголемо загадување.

Сведоци сме дека немаме некоја посериозна загаденост на почетокот на грејната сезона, напротив деновите се во рамки на нормалата на загадување, рече денеска градоначалникот на Град Скопје Пет

- „УСЈЕ“ на 1 јануари ја исклучи едната печка, работи само со безмалку половина производство. Истото го направи и „Макстил“. Ремонтите на печките ги прават во зимскиот период. Обично ги правеа во летниот период, најверојатно е поекономично и полесно, но, за да бидат општествено одговорни и да помогнат во намалување на загадувањето, за овие две компании имам информација дека работат со помал капацитет. Ги поттикнуваме и сите останати колку што можат да го намалат производството, особено кога имаме денови со вакви пикови, рече министерката за животна средина. бд/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан