Меџити на средба со меѓународна делегација за економска соработка и развој
- За време на средбата, Меџити ги презентирал приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, инвестициите во образованието, културата и инфраструктурата, како и можностите за воспоставување соработка во области од заеднички интерес.
Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска пречека делегација од САД составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави, соопштија попладнево од Општина Чаир.

За време на средбата, Меџити ги презентирал приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, инвестициите во образованието, културата и инфраструктурата, како и можностите за воспоставување соработка во области од заеднички интерес.

- Дијалогот и размената на искуства со меѓународните партнери претставуваат додадена вредност за локалното управување. Ваквите средби отвораат можности за нови партнерства, инвестиции и иницијативи кои можат да придонесат за развојот на Чаир и нашата држава - се истакнува во пишаната изјава на Меџити. бд/вг/
Фото: Општина Чаир