• сабота, 29 јуни 2024

Меџити: Еден месец пред скандалот на Онкологија побарав контрола од Инспекторатот поради индиции за злоупотреби

Меџити: Еден месец пред скандалот на Онкологија побарав контрола од Инспекторатот поради индиции за злоупотреби

Скопје, 14 септември, 2023 (МИА) - Имавме индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Онкологија, пред моето доаѓање за министер, го знаеме случајот со медицинската сестра, па откако сум јас министер, побарав од Инспекторатот да направат контрола. Тие биле на Клиниката за онкологија и радиотерапија и извршиле контроли во период од први јануари 2022 година, до 31 октомври таа година. За овие десет месеци, според извештајот, нема некои пропусти, во секојдневното работење на клиниката.

Ова го изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарско прашање што го поттикнало уште пред еден месец пред скандалот околу третманот на онколошки пациенти, да прати контрола од Здравствениот и санитарен инспекторат во Онкологија.

Но, тој потврди дека од Инспекторатот немале ингеренции во однос на лековите.

Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по отвoрањето на Центарот за фетална медицина во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, рече дека со доаѓањето на функција, работи транспарентно, и информира за агендата на контроли во здравствени институции. бд/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан