Меџити: Грузија победник на осмото издание на Folk Fest Skopje 2026
- Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот.
Скопје, 24 јули 2026 (МИА) - Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот.
По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место.
-Честитки до ансамблот од Грузија за победата и до сите учесници кои во изминатите денови ги донесоа културата и традициите на своите земји во Скопје. Folk Fest е фестивал кој обединува луѓе и различни култури на една сцена, а ние ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа традиција и во годините што следуваат- изјави Меџити.
Како победник на овогодишното издание, Грузија ќе биде специјален гостин на следното издание на Folk Fest Skopje. дма/вј/
Фото: Општина Чаир