Меџити во Струга на започнувањето на првата фаза од проектот за реконструкција и замена на водоводната мрежа
- Во Струга денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки.
Скопје, 27 јуни 2025 (МИА) - Во Струга денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки.
На настанот ќе присуствува првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Како што информираат од МЖСПП, овој капитален проект финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидува инвестиција од околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра) во првата фаза.
-Целта е подобрување на хигиенските услови и заштитата на јавното здравје, преку целосна елиминација на ризикот од азбестните цевки во градскиот водоводен систем. Проектот опфаќа реконструкција на главната улица и 13 краци, во вкупна должина од 6,2 километри, со предвидено времетраење од 12 месеци, посочуваат од МЖСПП.фф/
Фото: МИА Архива