• петок, 22 ноември 2024

Мециновиќ: Политичката и судската елита со урбанистичката мафија го бетонизираат Центар

Мециновиќ: Политичката и судската елита со урбанистичката мафија го бетонизираат Центар

Скопје, 19 октомври 2023

 
Портпаролот на Левица Амар Мециновиќ:

Денес, собрани сме пред некогашната фабрика Треска, на место на кое политичката и судската елита, во спрега со интересите на урбанистичката мафија - го задаваат последниот удар на Општина Центар и воедно градот Скопје - со изградба на бетонско чудовиште во спротивност на јавниот интерес.

Минатата недела, Уставниот суд, под водство на Кацарска, ја отфрли иницијативата за преиспитување на овој ДУП - одлука, со која се бетонизира последниот слободен простор во центарот на Скопје и се крунисува плодната соработка помегу големите партии, судството и предаторските бизнис интереси - во овој случај, на градежните компании "Голден Арт" и "Мега Акустик".

Ова е еден во низата примери, кога Уставниот суд во Македонија ги штити интересите на градежните компании - потсетуваме за скандалозната одлука, со која се укина мораториумот за градба и се легализираше бетонизацијата општина Центар.

Во овој конкретен случај, на спорната денационализација се надоврзува и незаконското располагање со имотот на стечајниот управител, што води до загуба на милионски суми за Општина Центар и Град Скопје. Додека минатата година, повторно сведочевме како на спорни локации, околу кои се водат дебати и истраги, неочекувано избиваат пожари кои претходат на градежни активности. Затоа, сега ни се поставува прашањето дали овој пожар беше случаен или добро организиран?

Герасимовски и СДСМ, како секогаш водени од своите лукративни побуди и искривени политички приоритети, иако имаат одговорности и овластувања, не иницираа носење на нов Детален урбанистички план, како што се предвидува - со што се обидуваат да го легализираат грабежот и градежните активности на овој простор.

Ние, како Левица, застануваме во одбрана на јавниот интерес на жителите на Центар и Град Скопје, како што и се попречуваме на патот на самоволието на бизнис интересите. Советничката група на Левица во Општина Центар ќе иниситира на изработка на нов ДУП како и на времена мерка за забрана на градежни активности и издавања на одобренија за градба во периодот на пресистражната постапка водена од Јавното обвинителство."

Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан