• петок, 05 декември 2025

Министерството за транспорт треба да ја почне постапката за набавка на 120 еколошки автобуси

Министерството за транспорт треба да ја почне постапката за набавка на 120 еколошки автобуси

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Владата денеска на седница ја разгледала и усвоила информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.

Како што информира владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за транспорт да ја отпочне постапката за јавна набавка.

Распределбата, појаснуваат од Владата, ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. сст/бак/

Фото МИА архива

Остани поврзан