• сабота, 16 ноември 2024

Мета од затвор обвини за обид за уништување на вистинската опозиција и повика на масовност против „антисоцијалниот“ буџет

Мета од затвор обвини за обид за уништување на вистинската опозиција и повика на масовност против „антисоцијалниот“ буџет

Тирана, 15 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Партијата на слободата и поранешен шеф на албанската држава, Илир Мета, кој е во затворски притвор, обвини дека целта на актуелната власт е да се уништи вистинската опозиција.

Во телевизиско интервју од затворот „313“ Мета рече дека и апсењето на Сали Бериша, како лидер на ДП и неговото „политичко киднапирање се дел од едно единствено сценарио а тоа е отуѓување на волјата на Албанците и уништувањето на вистинската опозиција, за да се спрчи гарантирање на неказнивоста на нај корумпираната власт на континентот“.

Според него Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, е во „ кубур во рацете на режимот кој е безнадежен“.

Запрашан за обвиненијата против него, Мета рече дека нема ниту едно официјално обвинение против него.
-Се е само на претпоставки и изјави и пријави на инкриминирани лица и со проблеми со правдата. Ви повторувам дека немаат никакви обвиненија, нема докази или криминални факти против мене, се сметам дека сум невин и под овие услови казната постои само во перверзиите умови на оние кои го смислиле и извршиле овој план за политичко киднапирање за да ја овековечат Албанија како колонија на Сорос и меѓународна мафија, рече тој.

Тој ги повика граѓаните на најавениот протест на опозицијата во вторник пред парламентот, кога на пленарна седница е Предлог-буџетот за 2025 година, оценувајќи го истиот како антисоцијален.

На прашањето за неговиот груб однос кон неговата поранешна сопруга Моника Круемади, која исто така е под обвинение на СПАК и ѝ е изречена мерка јавување еднаш месечно,  Мета рече дека „моите ставови за принципиелни прашања се цврсти и без компромиси“.
-Во однос на законските обврски, тие се индивидуални и не се колективни или преносливи. Нејзините медиумски и правни ставови се дел од концептот на нејзината одбрана и ни најмалку не ми се прилог. Она што ми е во прилог и ми треба, е вистината и таа е со мене, додаде тој.
Мета беше уапсен на 21 минатиот месец, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. Два дена подоцна судот му изрече мерка „затворски притвор“. вт/
Фото: Мета ФБ

Остани поврзан