• понеделник, 23 декември 2024

Меси се врати на тренинзите со ПСЖ, тој беше суспендиран поради патување во Саудиска Арабија

Меси се врати на тренинзите со ПСЖ, тој беше суспендиран поради патување во Саудиска Арабија

Париз, 8 мај 2023 (МИА) – Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси почна да тренира со Пари Сен-Жермен.

 

Парискиот клуб објави дека денес напаѓачот се вратил на тренинзите со тимот.

 

Потсетуваме, претходно ПСЖ го суспендираше 35-годишниот фудбалер на две недели поради патување во Саудиска Арабија без дозвола. Аргентинецот се извини што си замина.

 

Меси не беше во составот на актуелниот француски шампион на натпреварот од Лига 1 против Троа (3:1) одигран вчеравечер. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан