Меси одбил понуда на Ал-Хилал која можеше да му донесе 1,4 милијарди евра
- Претседателот на Ал Хилал, Анмар Ал Каили зборуваше за неуспешните преговори со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.
Ријад, 17 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Ал Хилал, Анмар Ал Каили зборуваше за неуспешните преговори со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.
Клубот од Саудиска Арабија се обиде да го ангажира фудбалерот летото 2023 година, кога тој го напушти ПСЖ.
-Бевме во контакт со Меси кога му завршуваше договорот со парижаните. Му понудивме 1,4 милијарди евра, но тој одби бидејќи неговото семејство сакаше да се пресели во Америка. Изненадувачки е што фудбалерот ја одби таквата понуда. Се обиде да го убеди семејството, но не успеа. Ние го почитуваме ова бидејќи семејството е поважно од парите, изјави Ал Каили за „NIBC“.
Во јули 2023 година, Меси се пресели во американскиот Интер Мајами како слободен играч. Тој постигна 25 гола и направи 16 асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања. Заедно со Интер Мајами, Аргентинецот го освои Лига Купот.
Триесет и шестгодишниот Меси е рекордер по бројот на добиени златни топки. Фудбалерот осум пати ја добиваше наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во светот за изминатата година. зс/
Фото: ЕПА