• среда, 03 јули 2024

Меси би можел да игра на Светското првенство во 2026 година

Меси би можел да игра на Светското првенство во 2026 година

Мајами, 4 ноември 2023 (МИА) - Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси одговори на прашање за неговото учество на Светското првенство во 2026 година.

- Светско првенство 2026? Со оглед на возраста на која ќе бидам, изгледа тешко - но ќе видиме, го цитира Меси новинарот Фабрицио Романо.

Меси го имаше своето деби за репрезентацијата на Аргентина во август 2005 година на мечот против Унгарија. Вкупно, 36-годишниот напаѓач одигра 178 натпревари за националниот тим, постигна 106 гола и даде 56 асистенции.

Пред четири дена Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на светот за минатата сезона и по осми пат ја освои Златната топка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан