Мелони: Демонизирањето на ултрадесницата повеќе не функционира
- Демонизирањето на крајната десница повеќе не функционира, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по повод победата на ултрадесничарската партија Народно собрание во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција
![Мелони: Демонизирањето на ултрадесницата повеќе не функционира](https://new.mia.mk/images/20240701170830_big_730x400_95.webp )
Рим, 1 јули 2024 (МИА) – Демонизирањето на крајната десница повеќе не функционира, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по повод победата на ултрадесничарската партија Народно собрание во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција.
- Постојаниот обид да се демонизираат луѓето кои не гласаат за левицата е замка во која паѓаат сè помалку луѓе. посочи лидерката на ултрадесничарската партија Италијански браќа.
Таа додаде дека тоа го има во Италија, но се повеќе и во Европа и на Запад. ми/
фото: ЕПА