• понеделник, 23 декември 2024

Мегваер: Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно

Мегваер: Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно

Манчестер, 12 октомври 2023 (МИА) - Хари Мегваер го изрази своето незадоволство од минутажата која ја добива во Манчестер јунајтед.

Дефанзивецот одигра 206 минути во четирите натпревари на Манчестер јунајтед во сите натпреварувања оваа сезона и направи една асистенција.

- Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно. Ако вака продолжи, ќе морам да одржам состанок со клубот и да разговарам за се. Но, да бидам искрен, во моментов сум сконцентриран на двата претстојни натпревари со Англија. Ова се два важни натпревари. Тогаш мојот целосен фокус ќе биде на борбата и обидот да го вратам моето место во Манчестер јунајтед и да му помогнам на тимот да стигне до онаму каде што треба да бидеме во лигата. Верувам во моите способности. Јас сакам да играм. Сакам да се чувствувам важен за клубот и за тимот. Сега не играм ни приближно колку што би сакал. Тоа е поентата, изјави Мегваер.

Одбранбениот фудбалер и покрај тоа што го загуби статусот на стандарден во почетниот состав во Манчестер јунајтед, сепак доби повик во репрезентацијата на Англија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан