• сабота, 21 декември 2024

МВР: Потпишан Меморандум за соработка со Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби

МВР: Потпишан Меморандум за соработка со Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Меморандум за соработка бил потпишан денеска меѓу Министерството за внатрешни работи - Центар за обука и Здружението на граѓани - Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

Како што информираат од МВР, го потпишале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска.

- Овој Меморандум има за цел развивање на меѓусебна соработка во делокругот на обезбедување и промовирање на правата на децата - лицата со попреченост и нивните семејства, преку организирање и спроведување заеднички обуки за постапување и третман на овие лица. Преку Центарот за обука на МВР, ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација, доколку при своето работење, наидат на деца - лица со попреченост, се појаснува во соопштението. бд/ац/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан