• недела, 21 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Г.С.(43) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.  

На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.

Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица, агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.  

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.07.2024 во 00,10 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Е.И.(19) од селото Житоше, општина Долнени, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2024 во 15.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги привеле Д.Н.(42) од Охрид и А.Г.(49) од Скопје затоа што при преглед на патничко возило „опел“, сопственост на А.Г., во кое биле двајцата, кај Д.Н. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 22.45 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле Ј.А.(42) и М.О.(20), двајцата од Кавадарци, затоа што кај нив била пронајдена зелена тревкаста материја.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.  

На 19.07.2024 во 05.45 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(38) од Република Србија затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“  по барање на Интерпол Франција за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога''.

Лицето било предадено на полициски  службеници  од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење со брзина поголема од пропишаната 10 мерки, пет санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 20.07.2024 во 00.18 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп - Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „фолксваген голф“ со привремени регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје и патничко возило  „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.С.(34) од Прилеп.

Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди  констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 19.07.2024 во 05.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управвуван од М.П.(45) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 18.07.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.И.(29) од Делчево, удрило во малолетен пешак од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 19.07.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Љупчо Сантов“, ул.„Браќа Ставреви“ и ул.„Раде Кратовче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од Кочани и патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Кочани.

Потоа возилото „фолксваген поло“ удрило во пешаците Р.К.(50) од Кочани и М.Р.(20) од с.Оризари, Кочанско, и во паркирано патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., додека со телесни повреди се здобиле М.Р и двајцата возачи,  констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.  


На 19.07.2024 во 22.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово – Бањиче, патничко  возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(24) од Тетово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Л.(18) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 18.07.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, мотоцикл управуван од А.Б.(69) од Скопје удрил во отворена шахта.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Увид бил извршен.  

На 19.07.2024 во 14.15 часот во СВР Скопје, В.Д.(64) од Скопје пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била касната од куче скитник.

На 19.07.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Ѓ.(30) од с.Бардовци, Скопско, пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.07.2024 околу 16.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ во Скопје бил каснат од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан