• сабота, 22 јуни 2024

МВР- билтен

МВР- билтен

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - На 13.06.2024 во 22.08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.06.2024 во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, патничко моторно возило марка „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 13.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Негорци, Гевгелиско, К.Т.(31) од село Прдејци, Гевгелиско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

На 13.06.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(49) од Гевгелија и патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(31) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

На 13.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 18.00 часот во с.Тополчани, Прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп. Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 13.06.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на локалниот пат с.Железница-с.Крилатица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолкваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(58) и патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(37), двајцата од Кратово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Т., констатирани во Општа болница Куманово, а неговиот сопатник Т.П.(40) од Кратово се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Кратово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

На 13.06.2024 во 19.30 во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, управуван од Т.Г.(50) од с.Петровец, Скопско, паднал и се повредил патникот З.А.(74) од Скопје . Тој бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Л.(52) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 13.06.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, М.К.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 13.06.2024  во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.М.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан