• петок, 26 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - На 02.06.2023 во 23.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 00.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода П.И.(26) од Р.Србија, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Ноќва (03.06.2023) во 02.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 01.40 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ф.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 01.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Е.(25), С.О.(18) и Н.М.(19), сите од кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 02.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 01.45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.06.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ш.(29), Л.А.(31) и Ф.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.06.2023 во 18.30 часот на Граничниот премин Ќафасан на влез во државата бил лишен од слобода Е.Б.(44) од Р.Албанија, бидејќи при извршена гранична контрола било утврдено дека се бара по меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас... 

На 02.06.2023 во 15.00 часот било пријавено дека во Битола, на крстосница од ул.„Широк Сокак“ и ул.„11 Октомври“, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(43) од Битола, удрило во пешакот П.Ј.(77) од Битола. Во несреќата П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

На 02.06.2023 во 11.35 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од И.К.(42) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „опел корса“, управувано од Т.С.(62), двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничката во возилото „опел“, Т.С.(61) од Прилеп, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

На 02.06.2023 во 11.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, кај место викано „Шепово“, во близина на с.Костурино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарска ознака, кој влечел полуприколка, управуван од В.П.(50) од с.Костурино и мотоцикл „кавасаки“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(38) од Струмица. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. 

На 02.06.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Драчево, Д.А.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник.

На 02.06.2023 во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.  

На 02.06.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Драчево, Ј.Г.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник. вг/

Тагови

Остани поврзан