• понеделник, 06 мај 2024

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

Струмица, 26 април 2024 (МИА) - Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. рт/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан