• петок, 02 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Денеска во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(20) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 31.07.2024 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 31.07.2024 околу 11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Архиепископ Доситеј” со ул.„Ристо Секирчанец” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Н.И.(27) од с. Гостиражни и патничко моторно возило марка „поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(40) од Прилеп. По несреќата М.М. со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесена во Градска болница Прилеп каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 31.07.2024 во 01.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–село Крупиште, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(66) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(32) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 31.07.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце кај с.Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(23) од Тетово и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Слатино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од првото возило К.З., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
                                                           
Вчера (31.07.2024) во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани вкупно 77 возачи (ТЕ-59 и ГВ-18). Од нив 49 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-34 и ГВ-15), од кои 7 возачи (ТЕ) ја пречекориле дозволената брзина за над 70 километри на час, а 26 возачи (ТЕ-22 и ГВ-4) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.  При контролата, исто така, санкционирани се и 28 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-3), а санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-4). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

На 01.08.2024 во 00.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат с.Неготино-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од С.Ш.(51) од Неготино, и патничко возило ,,џип“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Н.Д.(46) од гостиварско Горјане.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците од возилото „џип“ С.Н.(25) и С.Н.(40) од Горјане и С.Ш., додека Н.Д. и три малолетни сопатници се здобиле телесни повреди, констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР-Гостивар.

Во текот на вчерашниот ден (31.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 476 возачи. Од нив 37 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 295 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место.
                                                                   
Вчера (31.07.2024) околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило "мерцедес спринтер" со скопски регистарски ознаки. При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол. Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.

На 31.07.2024 во 22.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат за тетовско Седларево од коловозот излетал четирицикл со тетовски регистерски таблици, управуван од А.С.(26) од с.Групчин. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

На 31.07.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Х.Г.(21) од с.Волково-скопско пријавила дека во с.Волково била касната од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас... вр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан