• петок, 19 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - На 18.07.2024 во 11.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Д.(23) од Скопје, кој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

МВР денеска соопшти дека лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

По преземени мерки и активности, тим од пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска (19.07.2024) околу 07.00 часот во Дојранското Езеро го пронајде телото на Д.М.(43) од Скопје, кој вчера се удави во езерото. Имено, вчера во 10.10 часот во СВР Струмица беше пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото, пливал неколку метри, по што се удавил. Во акцијата за пронаоѓање и извлекување на телото учествуваа и полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија и нуркачки екипи.  Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 36 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 18.07.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
     
На 18.07.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Плешенци, во с.Плешенци, патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(57) од с.Долни Стубол, пробиштипско, удрило во велосипед, управуван од Т.В.(38) од с.Плешенци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 18.07.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на  крстосницата од ул.„Индустриска“ со ул.„Гоце Делчев“ и локален пат кај с.Курија во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од З.М.(55) и електричен мопед, управуван од Џ.Т.(63), двајцата од Неготино, а двете возила со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Здравствен дом Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

На 18.07.2024 во 12.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(57) од Гостивар, удрило во велосипед, управуван од И.С.(60) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен  центар во Гостивар. Увид на место на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 18.07.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ч.(75) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На  18.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани, С.А.(30) од с.Грдовци, кочанско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 18.07.2024 во 08.10 часот во ОВР Кавадарци, В.Б.(56) од Кавадарци пријавила дека на место викано „Моклиште“ во Кавадарци била касната од куче скитник. цр/

Фото:МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан